05 Декември, 2025
0.1609

Акции, пазари, профитабилност, економија, раст: Инвестициска стратегија на КД Фондови за 2015 година

Објавено во: Финансии 23 Март, 2015 08:38

Добивај вести на Viber

Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови по традиција во првиот квартал од тековната година објавува инвестициска стратегија, во која детално се осврнува на инвестициските класи, профитабилноста, пазарите, очекувањата и препораките. По прегледувањето на целосниот документ, во кој анализите се изнесени на речиси 80 страници, „Фактор“ Ви пренесува сублимат од битните поенти посочени во овогодинашната стратегија на КД Фондови. Според нивните видувања, од аспект на пазарот на капитал, 2014 година е една од подобрите години во последниов период. Закрепнувањето на глобалната економија заедно со лабавите монетарни политики на главните централни банки создадоа клима во која како акциските, така и инвестициите во обврзници забележаа добра профитабилност. Во 2015 година од КД Фондови очекуваат постепеното зајакнување на светскиот економски развој да продолжи и понатаму. Во однос на релативната евалуација помеѓу инвестициските класи и очекувањата за економските движења, тие ја задржуваат позитивната препорака за вложувања во хартии од вредност, оставајќи при тоа простор за веројатноста од зголемена нестабилност каква што видовме на пазарите во последниве две години. Вреднувањата на развиените пазари на хартии од вредност според нив се над долгорочните просеци, па затоа како главен потенцијален извор на профитабилност се истакнува растот на добивките на претпријатијата. Пазарите во развој од друга страна, се борат континуирано со ладењето на економската клима, но нивните евалуации, според КД Фондови, се и понатаму атрактивни со позитивна препорака за пазарите на Кина и Индија. Во анализата понатаму се додава дека лабавите монетарни политики во изминатата година мошне позитивно влијаеле и врз пазарите на обврзници. Земајќи ги предвид моменталните нивоа на бараната профитабилност и кредитните доплаќања, не гледаат простор за пораст на обврзниците, па затоа за оваа инвестициска класа имаат негативна препорака. Како главни ризици ги издвојуваат: забавувањето на глобалната економска динамика, зголемувањето на геополитичката тензија и одложувањата во нормализацијата на монетарните политики. За оваа година очекувањата им се во насока на продолжување на постепеното глобално економско зајакнување. Економскиот развој, кој минатата година изнесуваше 2,4%, во 2015 година би требало да достигне околу 2,7%. За економската клима во 2015 г. видувањата се дека ќе остане неусогласена. Позитивно отстапува економијата на САД, каде што очекувањата се растот во 2015 г. да се зголеми, а сериозни знаци на зајакнување започна да покажува и американскиот пазар на трудот. Во однос на Европа очекуваат постепено зајакнување, но несигурноста во предвидувањата е доста поголема. Ја истакнуваат итноста од структурни реформи, зависни од политичката волја, од обновување на трансмисискиот механизам во банкарскиот сектор, во инфраструктурните проекти, од влијанието на дополнителните мерки на монетарната политика и влијанието на гео-политичката тензија. Одложувањето на зголемувањето на даноците во Јапонија оваа година позитивно ќе влијае врз порастот, а воедно јапонската централна банка ќе се обврзе на зголемување на инфлацијата на целното ниво. Исто така, од КД Фондови посочуваат дека дополнителен поттик за глобалната економија претставуваат ниските цени на нафтата. Падот на цените на нафтата за 10 долари по барел придонесува за 0,2 о. т. кон глобалниот економски развој. Инфлацијата во развиените економии останува ниска и во иднина ќе повлијае за закрепнувањето на централните банки. Според нив, евалуацијата на развиените пазари е благо над долгогодишните просеци, при што релативно гледано, позитивно отстапува јапонскиот пазар на хартии од вредност. Очекуваат профитабилноста на инвестициите во хартии од вредност да го следи развојот на профитабилноста на претпријатијата, бидејќи воопшто не очекуваат дополнителен пораст на индикаторите на евалуација. Порастот на профитабилноста на претпријатијата е највисок во Јапонија, а по неа следат Европа и САД. За пазарите во развој пак имаат неутрална препорака. И покрај тоа што забавува економската активност на државите од пазарите во развој, тие ја задржуваат позитивната премија на економски развој во споредба со развиените држави. Неодамнешните случувања на суровинските и пред сè на енергетските пазари силно ќе повлијаат врз случувањата во овој дел од светот. Очекувањата се пониските цени на стратешките инпути позитивно да влијаат на државите со поголем удел на домашната потрошувачка и услугите во структурата на БДП, во период кога под притисок ќе бидат државите кои во економијата имаат поголем удел во извозот на суровини и енергенси. Кинеската економија брзо се лади, па затоа се очекува нов бран стимулациски мерки. Кинеската централна банка уште во ноември минатата година започна со малку полабава монетарна политика со која сака да придонесе кон кредитната активност, а следствено на тоа и кон развојот на државата. Се очекува ваквата активност да продолжи и во 2015 г., а КД Фондови не ги исклучуваат ниту фискалните мерки, првенствено во контекст на инвестициските влогови. Во однос на пазарот на обврзници за 2015 г. очекуваат силна дивергенција во работата на централните банки и зголемување на референтните каматни стапки во САД, поради стабилната економска клима и зајакнувањето на пазарот на трудот. Во првата половина на годинава, во Европа се очекува почеток на квантитативно ублажување на ЕЦБ, поради исклучително ниските инфлациски очекувања, а воедно сметаат дека ЕЦБ со своите оперативни програми може да го зголеми билансот за 1 трилион евра, како што е планирано. Во Јапонија во основното сценарио не очекуваат дополнителни стимулативни мерки, но не ги ни исклучуваат целосно во случај да не успее зголемувањето на инфлацијата. Поради прашањата поврзани со фактичкиот „временски план”, пак, очекуваат поголема нестабилност на должничките пазари. Препораката од КД Фондови сè уште е позитивна за периферна Европа, како и за т.н. специјално одбрани обврзници со висок принос (внимателно одбрани ХY обврзници, итн.). По објавувањето на QЕ во Европа, би предложиле постепено скратување на времето на траење на портфолијата. Глобално пак, очекуваат значително понизок профит отколку во 2014 г. Размислувате ли за нешто повеќе од класичното штедење?  Ве интересира кои пазари се очекува да остварат најголема добивка? Сакате да инвестирате согласно Вашите лични потреби? Детални насоки околу случувањата на пазарите на капитал можете да пронајдете во специјално подготвениот документ на КД Фондови - СТРАТЕГИЈА 2015!

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката