Добивај вести на Viber
Општина Гази Баба во соработка со компанијата Пакомак, и радио Буба мара започна акција за почиста околина и подобрување на хигиенските услови во училиштата.
Како што информираат од општината, целта на акцијата е активирање на децата да го селектираат отпадот од најмала возраст и да се едуцираат за важноста од селекцијата на отпадот и рециклирањето.
Во секое училиште „Пакомак“ постави контејнери и жолти канти кои учениците во одредени денови ќе ги полнат со пластични шишиња. За собраниот амбалажен отпад компанијата, како што истакна директорот Филип Ивановски, ќе обезбеди хигиенски средства, а училиштето што ќе собере најмногу отпад ќе добие награда.
Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски изрази надеж дека акцијата ќе придонесе будење на еколошката свест на општинско и национално ниво.
„Сакаме нашите деца да учат и растат во еколошко окружување и да градат навики за примерно однесување кон животната средина“, изјави Трајковски.