05 Декември, 2025
0.0624

НЕДЕЛНА БЕРЗАНСКА АНАЛИЗА: Акцијата на Телеком убедливо доминантна со промет од 300.000 евра во еден ден!

Објавено во: Финансии 21 Декември, 2014 11:34

Добивај вести на Viber

Генерална оценка за сегментот берзанска котација е жалосно ниско ниво на ликвидност, поизразена резервираноста на страната на купувачите и кај најликвидните акции, ниски промети – традиционално и очекувано за овој период од годината Акцијата на „Македонски Телеком“ ја одбележа скромната трговска недела која измина. Во еден ден, на 17 декември, во класично тргување на пазарот беа истргувани 62.000 акции, односно 0,6 отсто од капиталот на таа компанија, по цена од 282 денари за акција. Прометот беше 17,5 милиони денари и беше доминантна сума во целиот неделен берзански промет со исклучлок на блок трансакциите. Многу е веројатно, од аспект на истргуваната количина, дека станува збор за договорена трансакција помеѓу два субјекти. Веројатно е дека продавач може да биде домашен институционален инвеститор кој до сега во своето портфолио држел акции од најголемата македонска телекомуникациска компанија. Исто така очекувано е купувач на акциите, со оглед на големината на издвоените средства, да биде друг институционален инвеститор кој можеби е мотивиран од очекувана добивка т.е. дивиденда што би ја добивал во идниот период од влогот во тој инструмент на нашиот скромен пазар на капитал. Доколку е така, тогаш, имаме ситуација во која менаџментите на два институционални инвеститори имаа дијаметрално спротивни инвестициски одлуки. Првиот одлучил да продаде затоа што не очекува принос кој би можел да биде на ниво на некое друго вложување, а купувачот пак воден од мотив дека оваа инвестиција на одреден рок ќе донесе солиден принос решил да купи. Како и да е времето ќе покаже кој направил подобра проценка во оваа ситуација. Од другите случувања на берзата на подсегментот берзанска котација вреди да се истакне тоа што „Алкалоид“ уште еднаш ја потврди својата константност и беше најбарана акција со промет од 4,44 милиони денари. Оваа акција ов оваа седмица се одржа на ценовно ниво над 5.000 денари и се тргуваше во рамка од 5.030 до 5.000 денари за акција. „Комерцијална банка“ беше втора акција со промет од над 1 милиони денари и по „Алкалоид“ единствена која натфрли промет од маргината 1 милион денари. За одбележување е тоа што нејзината цена забележа корекција до ниво од 2.050 денари за акција, а највисоката неделна цена беше 2.100 денари. Прометот изнесуваше 1,8 милиони денари. Повеќе од очигледна е резервираноста особено на купувачите на „Комерцијална банка“ и тоа во насока на очекувана дополнителна корекција на пазарната цена на таа ликвидна хартија од вредност, за македонска дефиниција на терминот ликвидност. Од другите најликвидни акции најблизу до маргината од 1 милион денари беше „Макпетрол“ со реализација од 0,99 милиони денари. Таа акција се тргуваше во маргина од 22.400 до 21.600 денари за акција. На подсегментот задолжителна котација најактивна акција беше обичната на „Стопанска банка“ со промет од 0,37 милиони денари, но тргување во 4 трговски дена – по што беше единствена во споредба со сите други акции на тој подсегмент од пазарот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката