15 Јануари, 2025
0.1344

Акционери на Топлификација се здружија за битка против упад во компанијата?

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Преку Здружение за заштита на своите права, дел од акционерите на АД Топлификација ќе се штитат од евентуална продажба на потенцијален купувач под услови претходно договорени и утврдени со мнозинството од акционерите. Осумнаесет акционери од скопска Топлификација формираа Здружение за заштита на правата на акционерите. Ќе се борат против можен организиран или поединачен упад во компанијата и против нелојална и неконкурентска основа. Причината поради која се здружија е и да спречат формирање на пакет акции за контрола на Топлификација, како и евентуална продажба на потенцијален купувач под услови претходно договорени и утврдени со мнозинството од акционерите. Претседател на Здружението со седиште на улица “Лондонска“ 8 во Скопје, е машинскиот инженер Ивица Стојановски. Покрај него, Здружението за заштита на правата на акционерите во АД Топлификација го сочинуват и Иван Ортаковски, Димитар Сулев, Венко Темелковски, Христо Иванов, Миодраг Милошевиќ, Миле Мирчевски, Зоран Колев, Едвард Симоновски, Филип Мирчевски, Александар Матевски, Живко Николовски, Влатко Трајчевски, Георги Велевски, Борис Пејчов, Александар Ристевски, Кирил Митровски и Андреј Ежов. Здружението ќе се залага за застапување на интересите на акционерите, за заштита на вредноста на акциите на акционерите, за превземање на мерки - неформални здружувања, лобирања и слично заради заштита на правата на акционерите. “Цели и задачи на Здружението се и  комуникацијата со Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза на која се котира Друштвото, како и со државни и други органи, се во функција на заштита на акционерството во Друштвото. Имаме за цел и активна соработка со менаџментот и органите на управување и надзор во Друштвото поради остварувањето на деловната политика на Топлификација, согледувањето на можностите за развој, предлагање на соодветни мерки за подобрување на работењето на Друштвото и повисоко ниво на оплодување на сопствените вложени средства. Здружението пред себе има и задача да ги промовира сопствените ставови по прашања како што се осовременување на целокупниот деловен систем во Друштвото, особено прашања за развој на акционерството. Поради повисоко ниво на објективност на севкупните состојби во АД Топлификација, на деловен и акционерски план, сакаме и да им овозможиме на акционерите дополнителни информации и знаења, преку пишани материјали, предавања, симпозиуми и слично. Во остварувањето на сите цели и задачи, Здружението, исто така,  соработува на домашен и на меѓународен план со сродни здруженија кои имаат исти или слични цели и задачи“, велат од Здружението за заштита на правата на акционерите. Од Топлификација за сега не откриваат дали можеби на повидок е продажба на компанијата. Хаџимишев го зголемува уделот во Топлификација Директорот и претседател на Управниот одбор на Топлификација, Димитар Хаџимишев, на почетокот од овој месец се стекна со 30 акции од компанијата, со што бројот на акциите кој ги поседува во Топлификација изнедува 2.684 акции. На вчерашното тргување на Македонската берза се истргуваа 1.357 акции на Топлификација по цена од 1.799 денари за акција. Според последните берзански податоци, Топлификација, како суперкотирана компанија, до сега има издадено 450.000 хартии од вредност. Покрај Хаџимишев, членови на Управниот одбор на Топлификација, компанија која произведува топлинска енергија се и Ефтим Поцев, Христо Кировски, Дине Илиев, Александра Мароевиќ и Бисера Крстевска. Топлификација од неодамна ги врати лиценците за дистрибуција, снабдување и производство на топлинска енергија, и за 1 милион евра годишно ги  издаде под наем своите топлани на Балкан Енерџи Груп. Во меѓувреме Топлификација најави влез во бизнисот со струја и гас, и за оваа намена ја формираше фирмата Топлификација Инжинеринг. Според деловниот план на Топлификација АД за наредните три години се очекува позитивен биланс на успех и тоа:  за 2013 година добивка од околу 700.000 евра, за 2014 година добивка од околу 2,2 милиони евра и за 2015 година добивка од околу 2,6 милиони евра. Позитивниот нето готовински тек во 2013 година се очекува да биде околу 10,4 милиони евра, во 2014 година околу 4,3 милиони евра и во 2015 година 3,1 милиони евра. К.П.          

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања