15 Мај, 2024
0.0267

Албанци фалсификувале документи за САД и Британија

Објавено во: Балкан 27 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Полицијата од градoт Скадар во Албанија, соопшти дека уапсила девет лица, а по двајца  трага, и тие се осомничени дека се членови на организирана криминална група што се занимавала со недозволена трговија на луѓе кон Велика Британија и САД.

Директорот на Полицискиот комесаријат од Скадар, Вехби Бушати на прес-конференција информираше лицата се упасени во рамки на полициската акција „Жиранти“.

„Од сите истражни дејствија што беа направени, произлезе дека оваа добро организирана група извршила криминални активности во смисла на обезбедување помош за илегално преминување на границата во Велика Британија и САД. За тоа наплатувале од 8.000 до 12.000 евра по човек“- изјави Бушати.

Во акцијата е запленета и опрема за производство на фалсификувани италијански и грчки документи.

„Откако ќе „обезбеделе“ лица кои сакаат да заминат за САД или Велика Британија, за споменатиот износ на пари, тие им обезбедувале фалсификувани документи од земји членки на ЕУ – италијанска или грчка лична карта, виза, дозвола за престој, студентски индекс или документ за фиктивен брак со бугарски државјани, наводно издаден од матична служба во Албанија“- рече првиот човек на полицијата од Скадар.

Патот по кој тие се префрлани почнувал од Албанија, преку Италија и Малта до Велика Британија или преку Косово, Хрватска, Италија и Малта, до Велика Британија и САД.

Водач на групата бил Газменд Гарупи, додека останатите биле соработници кои обезбедувале фалсификувани документи, посредници или превозници. Поголемиот дел од уапсените се од Скадар, каде било и седиштето на групата.

Во акцијата се запленети и повеќе компјутери, скенери, печатачи, печати, пасоши, лични карти и други документи.

Ова е трета акција на албанската полиција годинава во која се разбиени вакви криминални групи. Претходните беа спроведени во Елбасан и Лежа.

Албанските граѓани од 2010 година патуваат без визи во земјите од ЕУ, но за влез во Велика Британија и САД им е потребна виза.

Можеби ќе ве интересира

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето