Албанците од Македонија и Косово полесно ќе добиваат албанско државјанство
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2023
Албанците од Македонија и Косово во иднина полесно ќе можат да добијат албанско државјанство. Во Албанија се усвоени измените на Законот на државјанство, така што Албанците од земјава и Косово немa да полагаат испит за албански јазик и историја.
Овие две измени се дополнение на веќе предложените од Владата, што ги побара министерот за внатрешни работи Таулант Бала.
„Граѓаните на Косово и на Северна Македонија, каде албанскиот е официјален јазик, го зборуваат јазикот како и ние и добро ја знаат нашата историја како ние, да не мора да подлежат на тест за јазик или познавање на историјата. Во оваа перспектива ќе се направи исклучок за земјите каде албанскиот јазик е официјален јазик“, рече Бала.
Со измените е предвидено укинување и на други критериуми за добивање албанско државјанство. Од странците повеќе нема да се бара да го знаат албанскиот јазик за да добијат албанско државјанство доколку добиле дете за време на нивниот редовен престој во земјата. Во член 1 од предлог-законот, албанско државјанство можат веднаш да добијат деца на странци родени во ова земја доколку за тоа согласност дадат двајцата родители, иако поседуваат други државјанства, кои легално престојувале на албанска територија. Со досегашниот закон право на државјанство добиваа со наполнети 18 години. Право на албанско државјанство можат да добијат и родителите на дете родено во Албанија доколку непрекинато живееле на територијата на земјата најмалку три години, без разлика дали го познаваат или не албанскиот јазик. Странецот, чие малолетно дете има албанско државјанство, може да поднесе барање за стекнување државјанство со натурализација иако не го исполнува условот за познавање на албанскиот јазик доколку легално и континуирано престојувал на територијата на Република Албанија најмалку три години. Државјанство ќе се добива и во случаи кога Република Албанија има национален интерес или интерес во областа на образованието, науката, уметноста, културата, економијата и спортот.
Во просек годишно од албанското државјанство се откажуваат повеќе од 700 лица, кои главно живеат и работат во земји кои не признаваат двојно државјанство.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.