27 Ноември, 2024
0.0878

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Стареењето на населението и недостатокот на здравствени работници се едни од најголемите предизвици со кои се соочуваат здравствените системи во Европа, покажува извештајот Health at a Glance: Europe 2024, објавен од OECD и Европската комисија. Според извештајот, делот од населението над 65 години ќе порасне од 21 отсто во 2023 година на речиси 30 отсто до 2050 година. Повеќе од половина од повозрасната популација се со хронични заболувања, што ја зголемува потребата за долгорочна грижа. Извештајот истакнува дека дури 45 отсто од случаите на деменција би можеле да се спречат со навремена превенција на факторите на ризик.

Истовремено, една третина од лекарите и една четвртина од медицинските сестри се ближат до пензија, што го зголемува недостатокот на работна сила во здравството, а главни причини за тоа се стареењето на населението и недостаток од здравствениот персонал, како и тешките работни услови, а соодветно на ова и намалениот интерес за здравствени професии. Над една третина од докторите и четвртина од сестрите во ЕУ се на возраст над 55 години​.

„Недостатокот на здравствени работници е долготраен проблем во Европа, влошен од пандемијата на КОВИД-19. Во 2022 година, ЕУ пријави недостаток од 1.2 милиони лекари, медицински сестри, акушерки, негуватели на стари лица, што дополнително ќе се влоши поради стареењето на населението и намалениот интерес за здравствените професии.“ (OECD/European Commission, 2024)​

Во Македонија, овој проблем е дополнително усложнет, при што здравственитеработници се соочуваат со значителни предизвици. Освен што недостасува кадар во болниците, амбулантите, горлив проблем е и палијативната грижа. Лицата кои се грижат за старите лица работат најчесто  по 12-часовни или 24-часовни смени, за минимална плата од 22.600 денари. Ова, како што велат, не само што го загрозува нивното здравје, туку го намалува и квалитетот на грижата што ја добиваат старите лица.

Марија Ј., медицинска сестра со повеќе од 10 години искуство, објаснува:
„Работам по 12-часовни смени, понекогаш и повеќе, а можам да си ги покријам само основните трошоци. Ова не е работа што може да се прави половично – бара посветеност и енергија, но во вакви услови, многу мои колеги размислуваат за заминување во странство. Искрено, и јас размислувам да заминам во некоја од европските земји. Не очекувам ништо полесно, но барем ќе земам далеку повисока плата. Со досегашното десетгодишно работење како медицинска сестра сигурна сум дека лесно ќе најдам работа.“

Покрај предизвиците со работните часови, се јавува и проблемот со недостаток на персонал. Во приватните домови за стари лица, ситуацијата е уште потешка. Повеќето од вработените жалат на исклучително ниските плати.

Бети М., негувателка во приватен дом за стари лица, посебно обучена за нега на лица со Алцхајмерова болест, додава:
„Работам со повеќе лица на кои им е потребна постојана грижа. Иако ги сакам моите пациенти и се трудам да им го обезбедам најдоброто, условите се такви што не можам секогаш да го дадам максимумот. Сѐ повеќе размислувам за заминување во странство, каде што негуватели за лица со Алцхајмерова болест се многу барани. Искуството што го стекнав овде ми отвора многу врати, и знам дека би можела да имам подобри услови за работа.“

Со оглед на овие предизвици, вработените често чувствуваат дека нивниот труд не е соодветно ценет. Дополнителен проблем е тоа што голем дел од младите избегнуваат да изберат здравствени професии, што значи дека овој проблем ќе продолжи да се влошува.

Елена К., медицинска сестра која работи во јавна здравствена установа, вели:
„Секоја година гледам како се намалува бројот на студенти кои се запишуваат на медицинските факултети. Се прашувам кој ќе се грижи за пациентите за 10-15 години ако ова продолжи вака. Мора итно да се преземат мерки за подобрување на условите.“

И самиот извештај го потврдува сето ова, наведувајќи дека западноевропските земји кои го имаат истиот проблем, ангажираат здравствен кадар од странство.

-За да се реши акутниот недостиг на домашна работна сила, европските земји се повеќе се потпираат на регрутирање здравствени работници од странство. По привременото намалување во првите две години од пандемијата, приливот на лекари од странство во европските земји се зголеми за 17 отсто во 2022 година во споредба со 2019 година, додека приливот на медицински сестри од странство се зголеми дури за 72. Во 2023 година, над 40 отсто од лекарите во Норвешка, Ирска и Швајцарија и над 50 отсто од медицинските сестри во Ирска биле од странство. И покрај тоа што обезбедува брзо решение за итните потреби, преголемото потпирање на здравствените работници од странство ризикува да го влоши недостигот на работна сила и севкупната кревкост во земјите од изворот, често нации со пониски приходи кои веќе се борат со акутните ограничувања на здравствената работна сила.Решавањето на кризата со здравствената работна сила бара повеќестран пристап. Краткорочно, подобрувањето на работните услови и наградувањето се клучни за зголемување на атрактивноста на професијата и задржување на сегашните здравствени работници. Оптимизирањето на мешавината на вештини преку, на пример, поголема употреба на медицински сестри со напредна практика, како и искористување на дигиталните технологии и вештачката интелигенција, ќе биде од суштинско значење за зголемување на продуктивноста на здравствените работници и ќе им овозможи повеќе да се фокусираат на грижата за пациентите.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки