24 Јануари, 2025
0.0300

Агелер: Не ги споделуваме доказите за Груби и Беџети, но македонските власти може да ги најдат

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, на денешната прес-конференција пред медиумите рече дека Стејт Департментот нема да ги сподели доказите со македонските власти што ги има против Артан Груби и Енвер Беџети, откако поранешниот вицепремиер и судијата се најдоа на американската „црна листа“.

Единственото објаснување на САД беше дека овие двајца се најдоа на оваа листа за санкционирање поради „земање мито“, но Агелер рече дека доказите, ако се сака, може лесно да се најдат.

- Не би одела во детали, не ја споделуваме таа информации, но не ни требаме, евиденцијата е од тука и достапна за Вашингтон. Ако можеме ние да ги составиме доказите, можат и македонските власти, рече Агелер.

Тоа е така, како што објасни дипломатот, поради „принципот на приватност на личноста“. Таа додаде дека очекува од македонските институции да ги разгледаат овие наоди бидејќи „корупцијата е епидемија во Македонија и канцер на ова општество“.

- Имате Финансиска полиција, Финансиско разузнавање, Обвинителство, имате судии,и мислам дека луѓето во оваа земја сакаат да видат резултати. Ние не можеме да ги контролираме властите што ќе направат. Но очекуваме да има чекори во таа насока, рече Агелер.

Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато