24 Јануари, 2025
0.0275

ЛЕВИЦА СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Закон за употреба на јазиците, познат како Закон за двојазичност, мора да биде поништен поради сериозни правни пропусти, сметаат од Левица, кои се едни од тринаесетте подносители на иницијативата за оценка на уставноста на овој закон.

Според нив, првиот основ за поништување е преклузивниот рок за објава, кој е утврден со членот 52 од Уставот, според кој законите мора да бидат објавени во рок од седум дена. Законот за употреба на јазиците, наместо во тој рок, бил објавен дури по една година. Како што посочуваат од Левица, ова претставува кршење на принципите на владеење на правото.

„Дека објавата во рок од седум дена не е техничко прашање, туку прашање на владеење на правото, потврдуваат многубројни одлуки на Уставниот суд. Постои судска пракса, во која самиот Уставен суд, потпирајќи се на мислењата на судиите како Добрила Кацарска, поништувал акти поради непочитување на овој рок. Според тоа, овој закон мора да биде поништен без да се навлегува во неговата материјално-правна содржина,“ нагласи лидерот Димитар Апасиев.

Како втор основ, Левица го посочува указот за прогласување на законот, кој бил објавен без потпис од тогашниот претседател Ѓорге Иванов, што претставува сериозен преседан.

„Во историјата на уставно-правната практика, има примери кога Уставниот суд поништувал укази поради слични причини. Во 1998 година, судот, под претседателство на проф. д-р Милан Нетков, го поништи указот за прогласување на Законот за употреба на знамињата, бидејќи тогашниот претседател Киро Глигоров не го потпишал. Уставниот суд мора да ја почитува сопствената практика и да не дозволи притисоци од политички инсталации,“ изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Партијата бара од уставните судии да постапат согласно судската практика и да покажат кредибилитет, без да подлегнат на политички притисоци. Во спротивно, Левица ќе го смета секое спротивно решение за пораз на правото и правдата.


Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато