12 Декември, 2024
0.0287

МАКЕДОНИЈА ГО ГУБИ НАСЕЛЕНИЕТО: Колку граѓани годинава и лани побарале отпус од македонско државјанство?

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Годинава отпус од македонско државјанство добиле 775 полнолетни и 160 малолетни лица, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи(МВР) за Фактор. Оваа година бројот на оние кои побарале отпус од државјанство е помал во споредба со 2023 година.

Лани имало 1.068 отпусти на полнолетни граѓани и 184 за малолетници. Луѓето се откажуваат од македонското, за да земат државјанство во друга земја. Овој тренд е присутен со години и со тоа Македонија изгуби дел од населението. 

„Се чувствува дека нема народ, две фамилии што ги знам, мораа да земаат германско државјанство поради работа. Мораа да се откажат од македонското. Бираат да живеат таму каде добри услови за живот. Младите сакаат убав живот, и летување и зимување, и станови и скапи автомобили, а тоа Македонија не може да го овозможи, само странство“, вели Лилјана Полевска, социолог.

Демографот Дончо Герасимовски објаснува дека граѓаните заминуваат во странство, но колку од нив ќе земат туѓо државјанство и ќе мораат да се откажат од македонското, е лична одлука.

„Тоа зависи од земјата каде одат, дали може да бидат со едно или со две државјанства. Знаеме дека луѓето одат во странство, но колку од нив ќе земат државјанство таму е лична одлука. Околу 5.000-6.000 деца се раѓаат во странство, можат да земат државјанство. Секако дека иселувањето е алармантно и автоматски тоа се гледа и кај државјанствата“, додава Герасимовски.

Податоците кои во 2021 година ги побаравме од институцијата за тоа колку граѓани се откажале од македонското за да земат туѓо државјанство, покажаа дека за една деценија Македонија изгубила над 14.000 државјани.  Од 2010 заклучно со 2020, на годишно ниво во просек од македонско државјанство се откажувале од 1.000 до 1.500 луѓе.  Во 2018 година најголем број граѓани се откажале, односно 1.621. Слична е состојбата и во другите земји од регионот. Граѓаните на Србија, Босна, Албанија, Косово се откажуваат од нивното државјанство за да земат државјанство во некоја од европските земји.

Населението во Македонија до 2035 година ќе се намали на 1.531.748 жители, ако се задржи сегашниот фертилитет, според проекциите на Државниот завод за статистика (ДЗС). ДЗС ги објави проекциите за населението во Македонија до 2070 година, во седум варијанти, со различни стапки на фертилитет и морталитет. Во најлошата варијанта, со низок фертилитет, населението до 2070 година ќе се намали на 1.120.272 жители, додека во варијантата со висок фертилитет, населението ќе се намали на 1.408.906 жители.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН РЕЧЕ ДЕКА ЗНАЕ ДЕКА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ Е ВО СИЛА, НО ДЕКА НЕ МУ СЕ ДОПАЃА“: ДУИ бара оставка од Костадиновски

„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН РЕЧЕ ДЕКА ЗНАЕ ДЕКА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ Е ВО СИЛА, НО ДЕКА НЕ МУ СЕ ДОПАЃА“: ДУИ бара оставка од Костадиновски

(ВИДЕО) Таравари во „Бизнис Муабети“: Али Ахмети ќе се повлече наскоро од политиката

(ВИДЕО) Таравари во „Бизнис Муабети“: Али Ахмети ќе се повлече наскоро од политиката

„АЛБАНЦИТЕ САКАЛЕ ДРЖАВА АЛБАНИЈА. БУГАРИТЕ БУГАРИЈА“: Најчевска распали за формирањето на државите на Балканот, еве го нејзиното објаснување

„АЛБАНЦИТЕ САКАЛЕ ДРЖАВА АЛБАНИЈА. БУГАРИТЕ БУГАРИЈА“: Најчевска распали за формирањето на државите на Балканот, еве го нејзиното објаснување

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГО КРЕНАА ГЛАСОТ: „Се противиме на постоењето можност да се укине правото на бесплатно користење јавен градски превоз“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГО КРЕНАА ГЛАСОТ: „Се противиме на постоењето можност да се укине правото на бесплатно користење јавен градски превоз“

И ВЕЛЕС БЛЕСНА НОВОГОДИШНО: А еве како е во Скопје

И ВЕЛЕС БЛЕСНА НОВОГОДИШНО: А еве како е во Скопје

„НЕ Е СТРАВ АЛБАНЦИТЕ ДА ГОВОРАТ НА СОПСТВЕН ЈАЗИК, ПОГОЛЕМ СТРАВ Е МАКЕДОНЦИТЕ ДА ГО РАЗБИРААТ АЛБАНСКИОТ“:

„НЕ Е СТРАВ АЛБАНЦИТЕ ДА ГОВОРАТ НА СОПСТВЕН ЈАЗИК, ПОГОЛЕМ СТРАВ Е МАКЕДОНЦИТЕ ДА ГО РАЗБИРААТ АЛБАНСКИОТ“:

ЛАТАС ЗА СУДЕЊЕТО НА МИЈАЛКОВ И ЗА СУДИЈАТА БЕЏЕТИ: Ако се докаже дека било решено со корупција, има основ за поништување на пресудата и повторување на судењето

ЛАТАС ЗА СУДЕЊЕТО НА МИЈАЛКОВ И ЗА СУДИЈАТА БЕЏЕТИ: Ако се докаже дека било решено со корупција, има основ за поништување на пресудата и повторување на судењето

ГРУБИ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПОЛИТИКАТА: „Чист сум како солза, ова е тешка одлука“

ГРУБИ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПОЛИТИКАТА: „Чист сум како солза, ова е тешка одлука“

ШТО СЕ КРЧКА ВО ВМРО-ДПМНЕ? Синоќа имаше седница на извршниот комитет, еве за што се зборувало

ШТО СЕ КРЧКА ВО ВМРО-ДПМНЕ? Синоќа имаше седница на извршниот комитет, еве за што се зборувало