Добивај вести на Viber
Албанија е во криза, но албанските граѓани годинава сепак потрошиле повеќе пари за патување надвор од земјата, во споредба со истиот период лани. Како што јави дописникот на МИА од Албанија, во периодот јануари-март 2013 година Албанците потрошиле 206 милиони евра односно за 14 отсто повеќе споредено со овој период лани.
Во првите три месеци од годинава албанските граѓани потрошиле помалку пари споредено со последното тромесечје од лани, но затоа за 14 отсто се зголемени трошоците за патување надвор од земјата во споредено со истиот период лани.
Аналитичарите забележуваат дела граѓаните на Албанија за патувања надвор од земјата трошат повеќе пари споредено со приходите кои земјата ги остварува од присуството на странците во Албанија.
Исто така се најавува дека потрошените пари за патување во странство ќе бидат уште поголеми во летиниот период кога голем број граѓани летуваат надвор од земјата.