Албанската влада ја усвои одлука за прием на Македонија во НАТО
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2019
Претседателот на албанскиот Парлaмент Грамоз Ручи на средбата со македонскиот амбасадор Данчо Марковски најавил брза ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО од страна на албанскиот законодавен дом.
„Првиот можен датум за ратификација е следната седмица, 14-ти февруари 2019 година, за кога е закажана седница на Собранието“, посочил Ручи, додавајќи дека Владата веќе усвоила одлука за тоа.
Како што стои во веста објавена на веб сајтот на Парламентот, токму ратификацијата на Протоколот од страна на земјите членки на Алијансата, како и добрите пријателски и билатерални односи и унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји, биле тема на средбата.
Ручи истакнал дека и покрај понекогаш поларизираната политичка клима во Албанија, сите политички групи во парламентот изразиле позитивна политичка волја за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.