18 Декември, 2025
0.0664

Албански бизнисмен му продава гас за загревање на ЕСМ

Објавено во: Економија 11 Март, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Соле 24, компанија која првенствено на слободниот пазар во Македонија продава електрична енергија, е последниот снабдувач кога ЕСМ го одбра за купување на природен гас за двете топлани во Скопје.

Снабдувачот, кој инаку е во сопственост на бизнисмен од Албанија, ќе го замени досегашниот „Грејстон“ од Бугарија кој носеше природен гас за сите претходни месеци од тековната грејна сезона.

Соле 24, според резултатите од месечниот оглас за март, треба да обезбеди гас од 1.600 до 2.600 мегаватчасови по цена од 28,55 евра од мегаватчас. Цената е значително помала во однос на претходните месеци, кога таа достигнуваше над 50 евра.

Токму поради овие причини Регулаторната комисија за енергетика објави дека вонредно поевтинува парно греењето за 35 отсто за сите деловни корисници во Град Скопје, како и јавните институции, училиштата и градинките, најмногу поради големиот пад на цената на светските берзи.

Соле 24 се стекна со лиценца за трговија со природен гас во 2022, а на 29 јануари оваа година, по поднесено барање, РКЕ одобрила лиценца за снабдување, односно за набавка на природен гас „заради продажба на своите потрошувачи, вклучувајќи производители на електрична енергија и/или топлинска енергија, други снабдувачи, трговци, операторот на системот за пренос или дистрибуција на природен гас и други учесници на пазарот на природен гас“.

Ќерката на заменик-министерката за здравство Маја Манолева, Тина Манолева, како млад електротехнички инженер на крајот на јануари стана директор на Соле 24, новоетаблирана компанија за тргување со електрична енергија во Македонија, која истовремено редовно му продава големи количества струја и на ЕСМ.

Во последните година дена Соле 24 редовно се јавува на повиците на ЕСМ за набавка на електрична енергија кога производството не може да ги задоволи потребите, а тоа го прави често во последно време. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје