17 Декември, 2025
0.0516

Албански морнар загина во спасувачката акција на грчкиот траект во близина на Крф

Објавено во: Балкан 30 Декември, 2014 12:21

Добивај вести на Viber

Еден албански морнар го загуби животот, а друг е тешко повреден за време на спасувачката акција на траектот кој во неделата се запали во близина на грчкиот остров Крф. Грчкиот траект кој пловеше под италијанско знаме тргнал од Патрас до Акона со 478 патници и членови на екипажот, а бил натоварен и со повеќе од 200 возила. Во несреќата до сега се регистрирани десет загинати патници, а 40 други се водат како исчезнати. Портпаролот на полицијата во албанскиот град Валона, Дионис Дуљај, рекол дека двајцата морнари биле погодени при пукање на затегнато челично јаже додека се обидувале да се прицврстат за траектот. Лекарските екипи веднаш ги санирале повредите на другиот настрадан морнар, кој подоцна со хеликоптер бил префрлен во болница во Албанија. Обвинителството во италијанското пристаниште Бари покрена истрага за утврдување на причините за пожарот на траектот. Обвинителството ќе испитува дали несреќата била предизвикана од невнимание, бидејќи италијанскиот сопственик на бродот тврди дека пловилото било во потполност исправно и дека на 19 декември бил извршен технички преглед врз него, вклучувајќи ги и излезите во случај на опасност.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата