17 Декември, 2025
0.0388

Албанското крајбрежје се поатрактивно за македонските туристи

Објавено во: Економија 16 Август, 2013 14:54

Добивај вести на Viber

Албанското крајбрежје и оваа година го запоседнаа македонските граѓани. Летниот одмор досега во Албанија го минале околу 40 илјади македонски граѓани. Најмногу се одлучуваат да летуваат во Драч, но се попривлечни се и Валона, Саранда, Каваја, Шенѓин, па и бисерот на албанскиот брег Химара. Освен етничките Албанци, кои се и најбројни, на одмор во Албанија се почесто заминуваат и Македонците. Најмногу ги има од Дебар, Гостивар,Тетово, Кумано, но и од Битола, Охрид, Скопје… Дебарчани сепак поради бизината секое лето најбројни се во Шенѓин, каде што климатските услови се идентични со тие во црногорски Улцињ. Сместено е во близина на градот Лежа, сега со нови хотели, ресторани, кафулиња, пицерии, воопшто не потсетува на некогашното, каде што имаше само едно, и тоа, работничко одморалиште. Од ова лето има и шеталиште долго два километра. - Веќе три години едноподруго доаѓаме тука. Задоволни сме и од сместувањето, од гостопримството на локалното население, од понудата на пазарот. Водата е богата со јод и е многу лековита, вели Зирака Перовска. Од граничниот премин Блато, на македонско-албанската граница кај Дебар, Шенѓин е оддалечен 140 километри, дел од патот е со оштетувања, но со завршување на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр) оддалеченоста ќе биде намалена, а патувањето поудобно.

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?