16 Декември, 2025
0.0483

Албанците бегаат од Косово: Ни ветија златни лажици, а сега со голи раце јадеме земја!

Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2015 18:41

Добивај вести на Viber

Гладни сме, без работа, заробени и без надеж. Од зборови не се живее. Треба да се нахранат децата, изјавил Исмаил кој има осум деца.

На автобуската станица во Приштина има огромна гужва од албанци кои се упатуваат кон Суботица каде што се обидуваат на легален начин да ја поминат границата на Србија со Унгарија.

Иако медиумите се обидоа да откријат што е тоа што ги поттикнало на масовна миграција, граѓаните на Приштина тврдат дека причината е само една - глад.

begalci kosovo 4

„По војната нас ни ветија дека ќе јадеме со златни лажици, а сега со голи раце јадеме земја“, изјавува Исмаил (54) кој заедно со жената и осумте деца заминал за Суботица, пренесува српски блиц.

„Ветуваа се, а ги наполнија само нивните џепови. Кој ? Па, политичарите. Гладни сме, без работа, заробени и без надеж. Од зборови не се живее. Овие деца треба да се нахранат“, вели нервозниот Исмаил свесен дека илегалниот премин со осум деца од кои најмалото има три години, е голем ризик.

Сите се свесни дека контролата е зајакната и дека на границата со Унгарија досега се вратени 3000 емигранти, но не се откажуваат. Во тоа не ги спречува ни температурата која е под нулата и фактот дека на такви услови не треба многу да се пешачи. Со себе носат само мали торби, како да не им е во план засекогаш да ги напуштат своите домови. Ги издаваат само солзите.

„Немам ние што да изгубиме. Распродадов се што имав. Сега го праќам семејството, а за месец дена си одам и јас“ изјавил разочараниот Идеали Гаши на кој најтешко му паднало што неговиот братучед заминал со бебе во рацете.

Синоќа од Приштина тргнале околу 500 патници во ладните ноќи со девет автобуси.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата