„Алејата на Украина“ е отворена во Скопје
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2022
„Алејата на Украина“ е отворена во Скопје, во знак на поддршка за украинскиот народ.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со амбасадорката на Украина, Лариса Дир и претседателот на Здружението на Украинците, Олександр Урбанович свечено ја отворија „Алејата на Украина“.
Амбасадорката на Украина Лариса Дир ја искажа својата благодарност за поддршката на Општина Центар.
„Би сакала да ѝ се заблагодарам на Општина Центар, на македонскиот народ и на патриотското здружение на Украинците. Ова е исклучително важна поддршка на нашата држава од страна на македонското општество, особено за време на вооружената агресија на руската федерација против Украина“, изјави амбасадорката Дир.
По отворање на „Алејата на Украина“ беше претставена и изложба на фотографии кои го прикажуваат уништеното културно наследство на Украина во војната.