ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2024
Обвинителство покрена истражна постапка против жител на Богданци поради „задоволување полови страсти“ пред деца во основно училиште.
Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство веќе е издадена наредба за спроведување на истражна постапка од основното јавно обвинителство Гевгелија против лице од Богданци кое се сомничи дека извршило дело - Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
- Осомничениот маж повеќе пати се соблекувал и го вршел делото пред деца кои наполниле 14 години на јавно место - во двор на основно училиште и на други локации.