01 Ноември, 2024
0.0371

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Грчки медиуми пишуваат дека македонскиот премиер Христијан Мицкоски инсистира на употреба на терминот Македонија. 

„Скопје: Напади од националистите кон Мицкоски, затоа што оди на одмор на Халкидики“; „Нова провокација од Мицкоски: Договорот од Преспа не го забранува терминот Македонија“; „Инсистира на Македонија, Христијан Мицкоски“; „Северна Македонија: Нова провокација од премиерот Мицкоски – Повторно зборуваше за „Македонија“ и „Македонци“ се дел од насловите во медиумите во Грција кои ја презедоа веста од државната агенција.

АНА-МПА пишува дека Мицкоски истакнал дека „при секоја негова изјава и интервју досега земјата ја нарекува Македонија, а граѓаните Македонци“ и во целост пренесува дел од неговите ставови.

„Можам да ви кажам дека никаде во Договорот од Преспа не е забранета придавката „македонски“ или „Македонија“. Тоа е регулирано со член 7, став 2 и 3 од Договорот и конечно можеме да се согласиме дека и ние имаме право да ја користиме придавката „македонски“ како што и тие (во Грција) имаат исто право“, изјави Мицкоски од говорницата на Собранието, одговарајќи во четвртокот попладне на соодветно прашање поставено од пратеникот и лидер на ултранационалистичката опозициска партија „Левица“, Димитар Апасиев, кој Мицкоски го нарече „северномакедонски премиер“ и го обвини дека додека во минатото отворено застана против Договорот од Преспа, сега вели дека го „почитува“, пишува АНА-МПА.

Во продолжение пренесен е ставот на Мицкоски дека Апасиев секој месец, како пратеник на Северна Македонија потпишува за да добие пратеничка плата, но ги споменува и меѓусебните обвинувања за летните одмори на Халкидики и изјавата на лидерот на Левица дека оди на Халкидики, бидејќи е средна класа.

Договорот од Преспа, македонската и грчката влада го потпишаа на 17 јуни во 2018 година во Нивици, со што спорот за името е решен, а државата го смени името во Република Северна Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек иновациите

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек иновациите