05 Декември, 2025
0.1129

АЛЕКСАНДРА РАДЕВСКА И НАТАМУ ЌЕ БИДЕ НА КОРМИЛОТО НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - именувана е за член и претседател на УО

Објавено во: Финансии 05 Јуни, 2024 12:11

Добивај вести на Viber

Александра Радевска и натаму ќе биде на кормилото на Стопанска банка Битола. Оваа информација ја потврди банката преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. Радевска е именувана за член и претседател на Управен одбор на банката. 

„Известуваме за следниве измени во органите на управување: Врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-6042/1/I.1-1 од 16 мај 2024 година и Решение за издавање претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-8878/11 од 4 јуни 2024 година, за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е именувана г-ѓа Александра Радевска“, се вели во објавата од банката на Берзата.
Како што е познато, се до ноиември минатата година, претседартел на Управниот одбор на Стопанска банка Битола беше Владимир Ефтимовски, но тој, после долги години успешно менаџирање, поднесе оставка. Тогаш Банката објави дека на негово место, за претседател на УО, е избрана Радевска.  

Инаку Радевска се вклуи во тимот на Управниот одбор, односно стана нов член на УО во јуни минатата година.

Александра Радевска е дипломиран економист, магистер по економски науки од областа на сметководството и ревизијата.

Таа досега била член на Надзорниот одбор на Банката во неколку мандати од 2013 година. 

Професионална кариера ја започнала во 2003 година во Друштвото за ревизија и консултантски услуги КПМГ Македонија ДОО Скопје како раководител на тим на ревизија, во периодот од декември 2009 година до март 2012 година работи како менаџер за ревизија во Друштвото за ревизија Грант Торнтон ДОО Скопје. Од 2012 година до март 2019 година е раководител на Секторот за ревизија во Друштвото за производство, трговија и услуги Орка Холдинг АД Скопје, а од март 2019 година е назначена за директор на Оддел за финансиски и сметководствени работи во истото друштво.

Поседува лиценца за работа за вршење работи на ревизија за овластен ревизор.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката