16 Декември, 2025
0.0817

„Алибаба“ тестира употреба на дронови во кинеските градови

Објавено во: Мои пари 16 Февруари, 2015 16:27

Добивај вести на Viber

Тридневна проба за достава на чај од ѓумбир по пат на дрон веќе е изведена на подрачјето во Пекинг, Шангај и Гуангджоуа.

Кинеската компанија за тргување преку интернет „Алибаба“ експериментира услуга на испорака со дрон, настојувајќи често да најде што побрза испорака на робата до потрошувачите.

Оваа услуга врз основа на користење беспилотни летала кои се управуваат на пропелери, е на проба во три големи кинески града. Делува како трик чија цел е да ја привлекува јавноста одколку сериозен бизнис модел, но го отвора прашањето дали користењето на дронови во кратки летови е изводливо во Кина, каде воздушниот простор е под строга контрола.

„Алибаба не наговестува дали услугата со испорака на дрон е зрела за комерцализација на континентот на Кина“, соопштиле од оваа компанија. Од истиот извор додаваат дека тридневното тестирање на дроновите е направено во Пекинг, Шангај и Гуангджоуа така што се користи за достава на кутии со чај од ѓумбир.

Дроновите нема да ја доставуваат робата до самите врати на потрошувачите туку до главните логистички локации, а одтаму курир задолжен за последната етапа на испорака, соопштиле од „Алибаба“, чиј вкупен удел во електронскот пазар во Кина изнесува околу 75-80 одсто.

Дроновите ги тестирала логистичката компанија „ЈТО експрес“ (YTO Express), партнер на „Алибаба“.

Компаниите ширум светот почнале да експериментираат со беспилотни летала во рамки на тоа што полесно и побрзо да ги достават производите на одалечените адреси.

alibaba dron

Минатиот јуни полицијата го привела американскиот видео уметник Тери Ретклиф и констатирала дека дронот бил опремен со камера „go-pro“ што без дозвола го пуштил преку забранетиот град во Пекинг.

„Да пуштиш дрон над Кина е исто како да Лук Скајвокер одлучил да го вози својот „lendspider“ по Ѕвездата на смрта“ напишал Ретклиф на својот блог после ицидентот. „Не заборавајте за иднината: не се плеткајте со овие момци“.

Една Шангајска пекара во 2013 се откажала од планот да доставува колачи во рок од 30 минути користејќи дронови курири поради регулативата на воздушниот простор.

Дури и во релативно либералната САД компанијата „Амазон“ мора да се справи со законската регулатива, како што е да се воведе на сервисот за испорака на дрон. Оваа компанија која има центри за тестирање во САД и Велика Британија, соопштиле дека имаат намера да воведат систем на испорака под името „Амазон прајм ер“ (Amazon Prime Air) користејки беспилотни летала за достава на пакетите на милионските потрошувачи во рок од пола час од моментот на порачување.

Меѓутоа основачот на „Амазон“ Џеф Безос (Jeff Bezos) изјавил дека можно е да дојде до одлагање поради бирократијата затоа што властите во САД допрва треба да донесат предлог за комерцализација за употреба на дроновите. Технолошките коментатори го отфрлија овој проект истакнувајки го како уште еден макетинг трик.

Компанијата „Google“ која се натпреварува со „Амазон“ за воведување на дронови за комерцијални потреби, се одлучила да тестира во Австралија бидејки воздухопловните власти во САД допрва треба да одобрат употреба на дроновите.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“