Добивај вести на Viber
Македонија има потенцијал да инвестира во странство, истакна директорот на “Алкалоид“, Живко Мукаетов, при доделувањето на признанието од страна на Стопанската комора на Македонија за храбри менаџери во услови на криза и компании кои инвестираат во странство.
“Во изминатите пет години отворивме фирми во Русија, каде има 70 вработени, во Украина каде има 40, и во Словенија со 30 вработени“, рече Мукаетов, кој најави потенцијално отворање на претставништва во Турција, Словачка и Чешка.
За инвестициите во услови на криза во вредност од над девет милиони евра, како и дополнителни 750.000 евра инвестирани во Србија. Фармацевтскиот гигант се закити со две признанија од Стопанската комора на Македонија. Треба да се има на ум дека дека секој пазар има своја специфика, вели Мукаетов.
“Доколку ги имаме сите потребни информации и доколку инвестираме во знаење и човечки ресурси може да се постигнат големи резултати“, додаде Мукаетов.