15 Јануари, 2025
0.0282

АМАН: Ќотекот по грбот на граѓаните е најдобра мерка за штедењето!

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Пред малку во Собранието почна расправата по иницијативата на АМАН за враќање на дневната евтина тарифа, и да не се плаќа за услугите кои граѓните не ги добиваат. „На 14 август лани стартувавме со протести со цел да ја запознаеме јавноста за нетранспарентното работете на Регулаторната комисија за енергетика. Поради таквото работење дојде до поскапување на струјата, на останатите енергенси. Се укина дневната евтина тарифа. Но, протестите не беа доволни, никој не сакаше да нѐ контактира, моравме да почнеме со протести. Протестиравме секоја недела почнувајчи пред Комисијата, а тие не почувствуваа потреба да ни се обратат“, изјави Зорица Димовска, овластениот предлагач на иницијативата. Таа порача дека Хелсиншкиот комитет веќе се изјасни дека 11 од 15 донесени пропис на РЕКЕ не се легитимни. „А имавме и закани, да не протестираме. И овде во собранието не нѐ дочекаа со почит, иако се пријавивме регуларно да ја следиме седницата за интерпелација на претседателот на РКЕ, тоа не ни беше дозволено. Останавме надвор. Нема да ви објаснувам колку труд, енергија и пари потрошивме, но ние сме само граѓанска иницијатива, обединета во борбата против поскапувањата. Ние сме 13 169 граѓани кои бараат промена на закон. Вам, како пратеници од народот Ви порачувам да нѐ поддржите, Вие сте последната инстанца што може да го пробие молкот на институциите“, вели Димовска. На први август струјата поскапи за 10 %, а беше укината дневната евтина тарифа, затоа што според РКЕ така ќе се намалел увозот на струја. Граѓаните сега треба да перат по 22 часот, да станат ноќни птици. „РКЕ реши дека поскапувањата се мајка на штедењето, или ќотекот по грбот на граѓаните е најдобра мерка за штедењето“, изјави Димовска од парламентарната говорница. Таа порача дека животниот стандард е низок, платите не ги следат поскапувањата. „Бараме да нѐ заштитите и да изгласате законска обврска со која секоја енергетска компанија мора да има дневна евтина тарифа. И граѓаните да не плаќаат за услугата која не ја добиваат, за парното греење. Ако сте решиле да ја отфрлите иницијативата на АМАН, сторете го тоа. Но тоа ќе значи дека не ги почитувате барањата на граѓаните. Барем, почитувајте го ставот на ДУИ и ДПА. Тие нѐ разбраа. Да организираме јавна експертска дебата за ова, тогаш вистината ќе излезе на виделина“, заврши предлагачот на иницијативата на АМАН.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања