15 Јануари, 2025
0.0260

АМАН од улица со нови барања – како да се намалат сметките за струја?

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Против предлогот на Аман гласаа 49 пратеници, 11 беа воздржани, а 4 гласаа за прифаќање на граѓанската иницијатива со која бара враќање на дневната евтина тарифа на струјата, како и да се укинат паушалните плаќања за оние кои се исклучиле од парното греење, односно за услуги што не ги користат. Гласањето се вршеше во отсуство на пратениците од опозицијата, која е надвор од Собранието.

Граѓаните од здружението АМАН се револтирани од однесувањето на пратениците во Собранието. Најавуваат нови протести, а не се исклучува ниту можноста за референдум.

„Ќе продолжиме со сите легални граѓански форми на реагирање, па ако треба ќе собираме и потписи за референдум, иако знаеме колку тешко се реализираат таквите активности поради притисоците, какви што ние имавме за време на собирањето и на овие 13.0169 протписи. Но, не се плашиме и нема да подлегнеме на притисоци и закани“, изјави Петрит Сарачини, активист на АМАН неколку часа откако пратениците во Собранието не ја подржаа иницијативата на АМАН.

Дополнително сега го активираат и барањето до Регулаторната комисија за енергетика да се разгледа и ставката за ангажирана моќност од 33 отсто што се пресметува во сметките за електрична енергија.

Што се случуваше во Собранието на седницата за барањето на АМАН

Најгласна против иницијативата на АМАН беше Владанка Авировиќ од редовите на Социјалистичката партија на Македонија. Според неа тоа не може да се дозволи бидејќи во таков случај струјата дополнително ќе поскапи.

„Емоциите се присутни кај сите колеги и тешко е да се каже збор, два за овој проблем. Ние немаме доволно струја и мора да увезуваме и на сите ни доаѓаат високи сметки кои мора да ги платиме. Но, барањето на АМАН ќе доведе до поскапување на струјата, и треба да се види што е подобро, да ја вратиме евтината тарифа и да ја поскапиме струјата, или пак да остане како што е досега“,  изјави Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија на Македонија.

За разлика од претениците од ВМРО-ДПМНЕ, пратениците од ДУИ побара да се формира експертска расправа за оваа граѓанска иницијатива. Тие за предлгото на АМАН гласаа воздржано.

„Чест ми е да расправаме за оваа иницијатива. Ние мора да соработуваме со граѓанските здруженија и тоа на сериозен начин. Тие не бараат ништо ексклузивно, туку да се врати едно правило кое граѓаните го имале во минатото. Барањето е оправдано и реално, и е во согласност со економските можности на земјава. Ние, како пратеници мислам дека не дадовме соодветен третман на иницијативата, изјави пратеничката Сузана Салиу од ДУИ.

Пратеникот Изет Зеќири пак порача дека предлогот на АМАН  е добар и пратениците не смеат да го отфрлат. Но исто така посочи дека не е проблем потрошувачката на струја туку дека проблемот е што владата не инвестира во енерегтиката и затоа наместо домашна струја треба да увзеуваме скапа струја.

На собраниската дебата овластениот предлагач на иницијатива, Зорица Димовска на пратениците им порача дека тие се избрани од народот и народот сега бара помош од нив.

„Бараме да нѐ заштитите и да изгласате законска обврска со која секоја енергетска компанија мора да има дневна евтина тарифа. И граѓаните да не плаќаат за услугата која не ја добиваат, за парното греење. Ако сте решиле да ја отфрлите иницијативата на АМАН, сторете го тоа. Но тоа ќе значи дека не ги почитувате барањата на граѓаните. Барем, почитувајте го ставот на ДУИ и ДПА. Тие нѐ разбраа. Разберете не и Вие.“, изјави Зорица Димовска од собраниската говорница.

Таа посочи дека токму во градовите каде локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, Битола и Прилеп, добиле и најмногу потписи за граѓанската ицијатива која ја поддржаа 13.169 граѓани.

По ваквото укажување,од АМАН велат дека кај дел од пратениците проработела свеста бидејќи според нивните информации Владанка Авировиќ иако била најгласна сепак на крајот не гласала за отфрлање на иницијативата на АМАН а исто според сознанијата на активистите на ова граѓанско здружените , иницијативата на АМАН ја подржал и пратеник до Битола.

 Н.С.

Можеби ќе ве интересира

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа