19 Декември, 2025
0.0464

АМБИЦИИ ДА ЈА ОСВОИ ЕВРОПА: Зошто Орбан го прими во „прегратка“ Груевски ?

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2018 13:40

Добивај вести на Viber

Со давањето на политички азил на Никола Груевски, унгарскиот премиер покажал дека има амбиции да биде лидер и на европски терен, пишува РСЕ на српски ајзик.

Уредникот и директор на унгарскиот истражувачки портал „Atlatszo“ Тамаш Бодоки за Радио Слободна Европа вели дека Орбан веќе игра на европски терен и има поголеми амбиции - да ги собере лидерите слични на себе во алијанса.

На прашањето зошто Орбан, кој веќе е во судир со Брисел околу владеењето на правото, се впуштил во случајот на Никола Груевски со што дополнително си ја отежнил ситуацијата, Бадоки рекол Орбан веќе игра на европски терен, има европски аспирации, сака да стане еден од лидерите на Европа, не само на Унгарија, зошто Унгарија веќе ја освоил.

-Тој сега има поголеми амбиции и дел од тие амбиции е создавање на алијанса со земјите од регионот и со антиитмигрантските антифедералистички сили. Тој сака да покаже дека има амбиции на европско ниво, тој сака да ја промени политиката на европско ниво. Антибриселската реторика е присутна во неговата политика веќе со години, тој има јасни намери да ја промени европската политика и ова би можело да биде добра реклама за тоа - рекол Бадоки.

Тој потсетил дека владата на Орбан ја гради својата политика на многу силен антимимигранстки став и дека одлуката да прими мигрант кој е политички изложен и кој е осуден за корупција предизвика бурни реакции посебно кај опозициските партии и независни медиуми.

-Најинтересна работа во врска со оваа одлука е дека владата на Орбан неодамна го усвои тоа дека помошта не илегалните мигранти е кривично дело казниво со затворска казна, а се случи тоа самата влада на Груевски му помогнала да избега од Македонија и во неговиот пат до Унгарија.


Фото: Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината