26 Декември, 2024
0.0381

АМЕРИКА, ИЗРАЕЛ И ПОЛИТИКАТА: Расте притисокот за укротување на Израел

Објавено во: Свет 18 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Џозеф Бајден е под зголемен притисок да ја заузда израелската воена кампања против Хамас во Газа.

Илјадници цивилни жртви и очајни хуманитарни услови ги вознемирија американските арапски сојузници, но предизвикаа и извонредна количина на критики во неговата администрација.

„Изненаден сум од количината на критики“, рече Арон Дејвид Милер, кој служеше како советник за арапско-израелските односи за време на 25-годишниот мандат во американскиот Стејт департмент.

„Никогаш не сум видел вакво нешто.

Доколку нема докази за команда на Хамас во болницата во Газа, меѓународниот притисок врз Израел ќе се зголеми

Кои земји ја поддржуваат одмаздата на Израел против Газа, а кои ја осудуваат

Израел нема план за Газа кога ќе заврши војната, предупредуваат експертите

Неколку внатрешни белешки беа испратени до државниот секретар Антонио Блинкен преку канал основан по војната во Виетнам кој им овозможува на вработените да напишат неодобрување на политиките.

Отвореното писмо кружи и во Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД).

Во Белата куќа пристигна уште едно писмо од политички претставници и вработени во десетици владини агенции.

И уште еден беше испратен до членовите на Конгресот од страна на вработените на Капитол Хил, најважната политичка институција во Америка.

Голем дел од изразеното несогласување е приватно и најчесто анонимно поради загриженоста дека протестот би можел да влијае на работните места, така што неговата целосна големина не е јасна.

Но, според повеќе извештаи, стотици луѓе се приклучија на бранот опозиција.

Претставник на администрацијата изјави за Би-Би-Си дека загриженоста покрената е сериозно сфатена, дека е реална и дека активно се дискутира.

Во најмала рака, писмата го повикуваат претседателот Бајден да побара итен прекин на огнот и да изврши многу поголем притисок врз Израел да дозволи повеќе хуманитарна помош да влезе во Газа.

Во некои случаи, тонот е уште поостар, одразувајќи ја реториката на младите политички активисти и очигледно рефлектирајќи до одреден степен генерациската поделба која е покритична кон Израел и сочувствителна кон Палестинците.

Во писмата се осудуваат злосторствата извршени од Хамас за време на ненадејниот напад на 7 октомври во кој загинаа околу 1.200 луѓе, главно израелски цивили.

Израел уби повеќе од 12.000 луѓе во Газа од тој напад, според најновите податоци на палестинското Министерство за здравство кое го води Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека се обидуваат да имаат што е можно помалку цивилни жртви во катјоните, но дека не успеваат во тоа, обвинувајќи го Хамас дека ги користи луѓето како жив штит.

Високиот број на палестински смртни случаи е „фокус на стравот“ во администрацијата на Бајден, вели Џина Аберкромби-Вајнстанли, поранешна американска дипломатка која сега е претседател на Советот за политика на Блискиот Исток.

Поддршката на администрацијата за воената операција на Израел за многумина се чини дека е „премногу еднострана позиција за американската влада“, рече таа.

Аберкромби-Вајнстанли потпишала слични депеши за несогласување со владината политика во текот на нејзината кариера, а сегашните вработени ја консултирале за тоа дали треба да го сторат истото во овој момент.

Се чини дека овие белешки имаат „поширок дофат“ од другите, вели таа, додавајќи дека ги привлекле и оние кои не се директно вклучени во решавањето на блискоисточниот конфликт.

Како реагира Бајден?

Аберкромби-Венстанли верува дека хорот на запрепастување придонел за значајни промени во американскиот наратив и пристап, од деновите веднаш по нападот на Хамас кога Бајден вети непоколеблива поддршка за Израел.

Поттикната од уништувањето во Газа и зголемениот гнев во арапскиот свет, реториката на администрацијата на Бајден за заштита на цивилите стана понаметлива.

„Премногу Палестинци се убиени“ во Газа, изјави неодамна Блинкен.

Тој и другите високи функционери сега ја третираат хуманитарната помош не само како морален императив, туку и како стратешки.

Блинкен го изнесува ова на состаноците со фрустрирани вработени, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Тој јасно дава до знаење дека „Соединетите Американски Држави, а не која било друга земја, го обезбедија договорот за пристигнување на хуманитарна помош во Газа“ и дека се случуваат хуманитарни паузи во борбите.

Државниот секретар е свесен за немирите што тлеат во Белата куќа и одлучи да го реши.

„Ве слушаме“, напиша тој по враќањето од неодамнешната посета на Блискиот Исток, во е-пошта до која дојде Би-Би-Си.

Но, тоа не ги промени фундаменталните политички пристапи, ниту се чини дека има значително влијание врз воената кампања на Израел.

Администрацијата на Бајден сега е поотворена за нејзините растечки разлики со Израел.

Блинкен намерно ги постави принципите на палестинското владеење и државност за „ден потоа“ во Газа, што израелската десничарска влада ги отфрла.

Бајден е често на телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а високи функционери редовно ги следат посетите на регионот, притискајќи го Израел да се придржува до законите на војната.

Но, нема индикации дека администрацијата на Бајден размислува да го искористи главниот адут во свои раце поставувајќи му услови на Израел за огромната воена помош што веќе ја дава, а која дополнително беше зголемена по нападот на Хамас.

И Бајден оваа недела сигнализираше дека САД не му дадоа рок на Израел да ја прекине својата воена кампања.

Ќе заврши кога Хамас „веќе нема капацитет да убива, злоупотребува и само да прави ужасни работи“ на Израел, рече американскиот претседател.

Заклучокот е дека САД и Израел имаат иста цел, вели Милер, поранешен советник на Стејт департментот.

И двајцата сакаат да го уништат капацитетот на Хамас како воена организација за никогаш повеќе да не може да изврши напад како оној на 7 октомври.

Имајќи ја таа цел на ум, рече тој, комплетниот прекин на огнот што ги завршува непријателствата во потрага по мир нема никаква оперативна или политичка смисла.

Тоа само ја одложува војната, вели Милер, „затоа што нема да добиете договорен заклучок за ова...“.

Тактиката може да се разликува, но целта останува иста“.

Значи, што би можела да направи за да го натера Бајден да го промени курсот?

Најверојатно не неговата внатрешна опозиција.

И покрај сите ферментации, несогласувањето во администрацијата сè уште не е револт.

Само еден функционер на Стејт департментот поднесе оставка и тоа јавно го соопшти.

Милер сугерира дека промената на политиката на Бајден најверојатно ќе бара надворешен настан, како што е безусловното ослободување на сите заложници кои ги држеше Хамас, или една израелска операција што ќе резултира со масовни палестински жртви, иако границата е поставена прилично високо.

За Бајден има и политички ризици.

Неговата солидарност со Израел ја делат републиканците и центристичките демократи, но расте загриженоста меѓу помладите и левичарските елементи на Демократската партија.

Неговите поранешни членови на изборната кампања испратија писмо до претседателот во кое повикуваат на прекин на огнот.

Гвен Шредер, која работеше на дигиталниот тим на Бајден за време на изборите во 2020 година, е еден од потписниците на писмото.

Таа вели дека „непропорционалниот одговор“ на Израел во Газа покажал дека животите на Палестинците „значат помалку од животите на нашите израелски сојузници“.

„Не се срамам што гласав за Бајден“, рече таа, но додаде: „Секој ден се борам со ова, знаете, дали е ова администрацијата за која толку се борев?

Прерано е да се каже како овие чувства би можеле да влијаат на кандидатурата на Бајден за уште еден претседателски мандат следната година, но тој оди по јаже.

Анкетите покажуваат дека Бајден губи гласачи меѓу Арапите во американските држави кои најчесто одлучуваат за претседателот.

Тој им рече на израелските лидери дека како ќе ја водат оваа војна ќе одреди што е можно по нејзиното завршување.

Важно е колку е способен да влијае на тоа, бидејќи ќе биде поврзан со исходот, каков и да е тој.


Можеби ќе ве интересира

„НЕ МОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ“: Откриени последните зборови на пилотот од авионот на смртта

„НЕ МОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ“: Откриени последните зборови на пилотот од авионот на смртта

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ, ТРАМП, УКРАИНА....Еве што ја одбележа 2024

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ, ТРАМП, УКРАИНА....Еве што ја одбележа 2024

ОВА СЕ ИГОР И АЛЕКСАНДАР ЗА КОИ ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ: Пилотот и копилотот изведоа невиден маневар пред да се урне авионот и спасија 32 животи

ОВА СЕ ИГОР И АЛЕКСАНДАР ЗА КОИ ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ: Пилотот и копилотот изведоа невиден маневар пред да се урне авионот и спасија 32 животи

СЕ ОГЛАСИ АВИОКОМПАНИЈАТА ЧИЈ АВИОН ВЧЕРА ПАДНА: Откриени детали за пилотот и авионот

СЕ ОГЛАСИ АВИОКОМПАНИЈАТА ЧИЈ АВИОН ВЧЕРА ПАДНА: Откриени детали за пилотот и авионот

На каде оди Германија? На анкетите за премиер води жена што сака да ги вклучи нуклеарките, да го развласти Брисел и да ги реши мигрантите!

На каде оди Германија? На анкетите за премиер води жена што сака да ги вклучи нуклеарките, да го развласти Брисел и да ги реши мигрантите!

(ВИДЕО) ПАТНИЦИТЕ СЕ МОЛАТ: Се појави снимка направена пред да се урне азербејџанскиот авион

(ВИДЕО) ПАТНИЦИТЕ СЕ МОЛАТ: Се појави снимка направена пред да се урне азербејџанскиот авион

(ВИДЕО) ИМА ПОВРЕДЕНИ И ЖРТВА: Остатоци од соборен дрон предизвикаа експлозија во трговски центар во Русија

(ВИДЕО) ИМА ПОВРЕДЕНИ И ЖРТВА: Остатоци од соборен дрон предизвикаа експлозија во трговски центар во Русија

ЗАГИНАА 38 ЛУЃЕ: Зошто се урна азербејџанскиот авион?

ЗАГИНАА 38 ЛУЃЕ: Зошто се урна азербејџанскиот авион?

ТРАГЕДИЈА ВО ГАЗА: Бебе почина од студ

ТРАГЕДИЈА ВО ГАЗА: Бебе почина од студ