Добивај вести на Viber
Најголема светска банка според пазарната капитализација е американската банка „Wells Fargo“ откако
Индустриската и комерцијална банка на Кина (ICBC) и го предаде првото место.
Според проценките на њујоршката берза на која котира „Wells Fargo“, пазарната вредност на оваа американска банка е 236 милијарди долари, додека според кинеските податоци вредноста на „ICBC“ изнесува 233 милијарди долари.
Шестгодишното лидерство на „ICBC“ како најголема светска банка почна во јули 2007-та година, а нејзината вредност во ноември истата година го достигна врвот од 374 милијарди долари, благодарејќи на брзата експанзија на кинеската економија.
Меѓутоа „ICBC “ од врвот на ранг листата беше симната на 12-ти јули оваа година, а „Wells Fargo“ дојде на нејзиното место.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.