Американски имунолог се сомнева во вакцините кои ги создадоа Русите и Кинезите
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Август, 2020
Се надевам дека Кинезите и Русите ги тестираат вакцините пред да му ги дадат некому, вели американскиот имунолог Ентони Фаучи.
Според него, да се каже дека вакцината е спремна за дистрибуција пред да биде тестирана, е проблем.
Русија најави дека од септември и октомври ќе почне индустриското производство на две вакцини против коронавирусот кои ги развиле научници од државните центри. Има и кинеска вакцина на која заеднички работат институт за воени истражувања и фармцевтската грипа Кансино биолоџикс. Кинеската војска на крајот на јуни ја одобри употребата на вакцината во своите редови, иако сѐ уште не беа почнати завршните фази на тестирањето. Во западните земји се работи на три вакцини. Богатите Руси и политичарите веќе ја примија вакцината. Стотици врвни руски менаџери и водечки државни службеници се вакцинирани со експериментална вакцина против коронавирус од април досега. На политичката елита на Кремљ и беше дадена можност предвреме да се заштити од вирусот. Русија е една од најзагрозените земји.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.