Американскиот сон стана кошмар – 15 проценти од населението е сиромашно!
Објавено во: Свет 29 Јули, 2013
Четворица од пет возрасни Американци живеат на работ на сиромаштијата и се соочуваат со невработеност поголем дел од нивниот живот, покажува анкетата направена од „Асошејтед прес“, објави американски „Бизнис инсајдер“.
Причината за ваквата состојба, кaко што се наведува во истражувањето, се зголемената глобализација на американската економија, зголемувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните и загубата на доброплатените работни места во производниот сектор на САД.
Истражувањето покажува дека расните и етничките малцинства се оние што најмногу живеат во сиромаштија, иако расните нееднаквости, мерени преку стапката на сиромаштија, се имаат намалено од 1970 година.
Според последните информации, тешки времиња сега посебно ги погодуваат белците. Песимизмот го достигна својот врв од 1987 година, а последните анкети покажуваат дека дури 67% од белците сметаат дека состојбата на економијата е многу лоша.
Иако припадниците на другите раси имаат поголема стапка на сиромаштија, во апсолутни броеви најголем број на жители кои се под границата на сиромаштија се белците- повеќе од 19 милиони е под годишната заработка од 23.021 долари за семејство од четири членови.
Ако се земе во предвид целата популација на САД, економска несигурност ќе ги погоди неверојатни 79% од населението.
Моментално во Америка постои рекорден број на сиромашни-46,2 милиони лица, односно 15% од популацијата, а главна причина е високата стапка на невработеност поради рецесијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.