АМСМ: Евзони затворен - на кои патни правци видливоста е намалена?
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2017 10:22
Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е уште затворен за сообраќај, a премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци: Тетово, Скопје и Катланово.
„Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково. Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје - Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година од 14:30 часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон 4x4. Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје - Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година од 14:30 часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон 4x4“ - стои во извештајот на АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот предмин Дојран поради зголемена фреквенција, задржувањата за излез од Македонија траат најмалку еден час. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Можеби ќе ве интересира
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир




