05 Декември, 2025
0.0433

АНАЛИЗА: Со кои пари се отплати кредитот кон ММФ?

Објавено во: Финансии 13 Март, 2015 08:59

Добивај вести на Viber

Предвременото раздолжување кон Меѓународниот монетрен фонд ги стопи девизните резрви. Народната Банка објави дека од почетокот на годинава е регистриран пад на девизните резерви токму како резултат на предвремената отплата на Кредитна линија за претпезливост што Владата ја зеде од ММФ во 2011 та година, непосредно пред предвремените парламентарни избори. Само за еден месец, или од јануари до февруари девизните резреви се намалени за 153 милиони евра. Домашната економска јавност се поделнени мислења во однос на тоа дали Македонија требаше да раздолжи поефтин кредит со поскапи пари. Девизните резерви – намалени .. Според последните објавени податоци, салдото на државните резерви, заклучно со февруари изнесува 2 милијарди 330 милиони евра и во однос на јануари, или само за еден емсец тие се намалени за 153 милиони евра. Според Народната Банка, ова намалување на девизните резерви пред се, е резултат на предвремената отплата на кредитот кон ММФ. “Последните податоци за девизните резерви покажуваат пад од почетокот на годината, заради предвремената отплата на кредитот од ММФ, користен во рамки на Кредитната линија за претпазливост. Доколку се исклучи овој ефект, девизните резерви бележат благ пад, што е во согласност со октомвриската проекција, а показателите за адекватноста на резервите и натаму укажуваат на доволно ниво на девизни резерви за справување со евентуални непредвидени шокови. Сепак, ризиците околу идната динамика на девизните резерви и натаму остануваат и тие главно се поврзани со неповолното надворешно окружување“, оценува Народната Банка. Ако се анализира трендот на движење на девизните резерви, во февруари во однос на јануари, е регистрирано намалување на резервите во злато за околу 10 милиони евра, пред се како резултат на падот на вредноста на златото. Најголмо топење на девизните резерви има во хартиите од вредност, кои за еден месец се намалиле за 143 милиони евра. Овие показатели, според економистите се очекувани, со оглед на тоа што Владта посегна по предвремена отплата на кредитот од ММФ, со пари од девизните резерви, каде се чува и заемот од Еврообврзбицата. Дел од аналитичарите оценија дека предвремената изплата на ефитин кредит со поскапи пари е популистички потег со којс е создава терен за нови, идни задолжувања. “Ова е продолжување на парадите, на пропагандата. Потегот нема суштина. Тие пари веќе наскоро ќе мораше да се вратат, тоа е обврска кон ММФ.. Сетам дека со ова предвремено раздолжување владата сака да подготви терен од можни забалешки во однос на финаиската кондиција, но секако и да направи терен за некои идни задолжувања“, вели поранешниот гувернер Петар Гошев. За разлика од Гошев, универзитетскиот професор Томе Неновски смета дека предвремената отплата на кредитот позитивно влијае врз имиџот на Македонија. „ММФ ќе има позитивен пристап зашто вообичаено ги следи движењето на девизните резерви и наплатно-билансната состојба на државата, ги има секогаш предвид. И тогаш кога одобрува некакви аранжмани, знае какви се билансната состојба и динамиката на девизните резерви“, оцени неодамна професорот Неновски. За две недели – нов долг од 116 милиони евра... Според податоците од Министерството за финансии, предвремената отплата на кредитот кон ММФ влијаела врз намалувње на вкупниот Јавен долг. Така, пресметките покажуваат дека отплата на кредитот го намалила јавниот долг на ниво од околу 42,2% од БДП, што е за 3,6 процентни поени помалку во однос на состојбата со крајот на декември, кога Јавниот долг изнесувал 45,8%. Додека од една страна државата спроведува предвремено раздолжување кон странство, од друга страна на домашен терн, за две недели се задожи многу повеќе отколку што планираше. Така, во вотникот само за еден ден, преку продажба на државни харии од вредност Владата од домашните кредитори позајми скоро 95 милиони евра, или околу 62 милиони евра повеќе одколку што првично палнираше. Во првата недела од март пак, иако не беше најавено какво боло задолжување на домашен терен, државата спроведе “интервентни“ аукции преку кои позајми 21 милион евра. “Според мене, ова задолжување е интервентно задолжување и тоа покажува дека нема ликвидност во буџетот, односно или дека приходите се мали или дека расходите се големи. Денеска Владата не можела да обезбеди пари за да ги врати доспеаните долгови, па вчера се задолжила. Можно е е друго сценарио, односно дека Владата се задолжила поарди претпазливост, односно ликвидносната состојба да е на граница, па се обезбедиле пари поради претпазливост, но сепак и тука причината е ликвидносната состојба на буџетот“, изјави за “Фактор“ универзитетскиот професор и еден од поранешните министри за финансии Никола Поповски. Според најновите податоци од Министерството за финанасии, во јануари буџетските приходи изнесувале 171 милион евра, на расходната страна се потрошиле скоро 207 милиони евра. Буџетскиот дефицит во првиот месец од годинава изнесувал 35,8 милиони евра. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката