АНАЛИЗА: Стари долгови тропнаа на врата – до година треба да го раздолжиме кредитот од ММФ!
Објавено во: Финансии 04 Септември, 2014 08:11
“Македонија со јавен долг од 40.8% од Брутодомашниот производ се вбројува во умерено задолжените држави и во 10-те европски земји со најнизок јавен долг“, рече министрот Ставрески.Според планот на Владата, дел од парите што се обезбедија со Еврообрзницата ќе се потрошат за враќање на стари долгови, ососбено оние што доспеваат догодина, Еврообврзницата од 2005 та и Кредитот од ММФ.
“Следната година имаме и дополнителни обврски кои ни ги оставија претходните влади, што е нормален начин на работење и во другите земји. Станува збор за 150 милиони еврообврзницата од 2005 година што е земена и доспева за плаќање во 2015 и дополнително 120 милиони кои доспеваат во следната година кон ММФ. Верувам дека параметрите што се ставени во Буџетот за следната година и она што го предвидуваме во фискалната стратегија за следните три години ќе овозможат Македонија да не ги надмине предвидените лимити што се иницирани со уставните измени“, изјави министерот Ставрески.Другиот дел од парите, според планот на Владата ќе се користат за подршка на неколку инфраструктурни проекти како што се изградбата на пругата кон Бугарија, изградбата на автопатите од Скопје до Штип и од Кичево до Охрид и изградбата и реконструкцијата на железницата, а во следниот период ќе се реализира и проектот на гасификација, објасни министерот и додаде дека станува збор за добро таргетирани проекти кои ќе овозможат не само поврат на средства, туку и на зголемување на конкурентноста на приватниот сектор. Кога ќе се раздолжеле старите долгови по основ на Евообврзницата и кредитот од ММФ, според министерот, државниот долг ќе се намалува. Јавниот долг урива рекорди .... По 12 години Јавниот долг на Македонија надмина 40% од Бруто Домашниот производ, односно заклучно со јули, нивото на долгот на Централната Влада изнесува точно 40,8% од БДП или во апсолутни бројки, нешто повеќе од 3,3 милијади евра. Растот на долгот е резултат на најновото задолжување на Владата од половина милијарда евра преку неодамна издадената Еврообврзница. Ако се анализира структурата на Јавниот долг, според податоците на ресорното министерство, Владата кон странство должи две милијарди евра, ниво кое од 2001 та година е на историски највисоко. Кон домашните кредитори државата должи 1,2 милијарди евра, при што во однос на јуни, и овие задолжувања се зголемиле за скоро 6 милиони евра. Еве како се движеше нивото на Јавниот долг како процент од БДП во изминатите години: 2014 ( јули ) - 40,8% 2013 - 35,9% 2012 - 34,1% 2011 - 28,0% 2010 - 24,2% 2009 - 23,8% 2008 - 20,6% 2007 - 24,0% 2006 - 32,0% 2005 - 38,4% 2004 - 35,6% Со исклучок на тешките и кризни 2001 ва и 2002 година, кога долгот достигна 48,8 % од БДП, состојбата со задолжувањето заклучно со јули се смета за едно од рекордните највисоки нивоа досега. По задолжувањето со кинескиот кредит од скоро 600 милиони евра, кои не влегоа во пресметката за Јавниот долг, но зад нив како гаранција за редовна исплата застана државата, дел од експертската јавност оцени дека должничката позицијата на Македонија може да биде загрозена. Дополнително, економистите оценија дека и сегашната состојба со Јавниот долг не ја отсликува состојбата со вкупните долгови зошто од пресметката се иземени јавните и државните претпријатија и општините, кои исто така преку кредити реализираат голем дел од проектите на локално ниво. Задолжувањата на државата и планот за нивна навремена отплата беше и во фокусот на последната мисија на ММФ во Македонија. Колку точно изнесува долгот на Македонија, по ова прашање ММФ и Македонија имаат различна пресметка. Во последната оценка на фондот беше посочено дека вкупниот Јавен долг на Македонија изнесува 44,8% од БДП, но во ова мерење не е вклучено новото задолжување од 500 милиони евра по основ на Еврообврзница. Како гаранција дека Владата, без разлика која и да е, нема да ја однесе земјата кон должнички амбис, актуелната гарнитура предложи уставни измени со кои се ограничува нивото на Јавниот долг на 60% од БДП.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





