19 Декември, 2025
0.0520

Андреја Јосифовски доби престижна награда за животно дело за развој на претприемништвото во средна и југоисточна Европа

Објавено во: Мои пари 23 Октомври, 2022 11:12

Добивај вести на Viber


Претседателот на Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје, г. Андреја Јосифовски, ја доби престижната Голема награда со златна лента и признание за животно дело „Креатори на векови“ за исклучителни постигнувања и развој на претприемништвото на подрачјето на Средна и Југоисточна Европа.

Наградата беше доделена на Регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 најдобри“ што годинава по осми пат се одржа во градот Дубровник, Хрватска. Признанието за животно дело доаѓа во годината кога „Макпетрол“ одбележува 75 години од основањето на компанијата, период во кој г. Јосифовски има исклучително значајна улога во издигнувањето на нафтената компанија од локална приказна до еден од најуспешните и најпрепознатливите брендови во регионот и пошироко.

За изборот на добитникот на наградата за животно дело одлучуваат признаени професионалци од областа на економијата, финансискиот сектор и маркетингот од 10 земји. Тие одлуката ја носат врз основа на идентификување на големите визионери,  лидери и креатори на иднината, чиј труд, храброст, знаење, креативност и врвни резултати се темел и главен двигател на напредокот на заедницата и на развојните предизвици на новото време.


- Исклучително сум почестен и горд што еминентни имиња од претприемништвото одлучија да ми го доделат ова многу значајно признание. „Макпетрол“ е компанија која има оставено траен белег во мојот професионален живот, но истовремено има силно влијание врз развојот на целокупната економија во Македонија и во поширокиот регион. За мене оваа награда е признание дека регионот ги препознава и вреднува нашите заложби да изградиме и одржиме компанија со јасна визија и цел, посветена на развојот и технолошките иновации со особено внимание на заштитата на животната средина и пружање континуирана поддршка на локалната заедница. Така создаваме поголеми можности за развој на целото општество – истакна Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје.

Наградата „Креатори на векови“ има долгорочна цел да креира поволен амбиент за нови постигнувања и да израсне нови генерации носители на развојот во регионот.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“