Ангелов: Добро што не експлодираа силосите за плин, добар дел од Тетово ќе го немаше
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2022 09:15
Директорот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, утринава во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека големиот пожар во фабриката „Пофикс“ во објектот кој се наоѓа во близина на центарот на Тетово, бил навремено локализиран и била спречена голема трагедија.
- Ако не го локализиравме, ќе одеше кон силосите со плин со капацитет од повеќе тони и ако дојдеше до експлозија, добар дел од градот ќе го немаше, рече првиот човек на ЦУК.
Мерењата кои тој ги добил претпладнево велат дека ПМ честиците се околу 50 и им порача на граѓаните да бидат спокојни, бидејќи како што вели, нема загадување.
- Изгоре само еден дел, првите две-три хали. Клучна за големиот пожар била првата во која се чувале суровините за производство кои развиваат голема температура, ги сумираше впечатоците Ангелов, кој бил во Тетотво во текот на целиот вчерашен ден.
Додаде дека гаснењето од воздух е отежнато кога објектот има покрив, а хеликоптерот при тоа требало да минува низ густиот чад.
-Ќе почекаме стручните тимови од крим-техника да ги откријат точните причини за пожарот, рече Ангелов при тоа несакајќи да шпекулира за тоа под кои околности настанал инцидентот.
Директорот на ЦУК додаде дека ТАВ Македонија брзо излегла во пресрет со доставување на пена за гаснење, откако резервите за брзо време биле потрошени. За него е особено значајно тоа што вчера за прв пат хеликоптер на МВР учествувал во гаснење на пожар по претходно помината обука.
Можеби ќе ве интересира
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра




