АНГЕЛОВ НАБРЗИНА ПРОСЛАВИ ГОДИШНИНА СО СОПРУГАТА ЈАСМИНА: „Додека седнав на брз семеен ручек, на пожарите се нафрли извонредниот тим од Главниот штаб за управување со кризи“
Објавено во: Македонија 09 Август, 2024
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, речиси постојано е на терен каде рамо до рамо со пожарникарите работи на гаснење пожари.
Вчера, според она што го објави, му беше годишнина од брак со сопругата Јасмина. Истата ја прослави како што вели набрзина.
„Додека јас, во целата гужва со пожарите, по повод годишнината од брак со мојата прекрасна сопруга Јасминка од кој се изродија нашите уште попрекрасни чеда Сара (15) и Марко (14) седнав на еден брз семеен ручек, на пожарите се нафрли извонредниот тим од Главниот штаб за управување со кризи.“ напиша тој на фејсбук.