19 Февруари, 2025
0.0306

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ШЕСТ МИНИСТЕРСТВА И ДВЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ

Вработените во Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за шумарство и водостопанство, Министерството за правда, Министерството за култура и туризам, Министерството за економија и труд, Министерството за транспорт, Државниот завод за статистика и Државниот архив од денес започнаа со протест со барање на додаток на плата од 30 отсто.

"Почнуваме денес во вторник, бидејќи денес се одржува седница на Владата и апелираме на денешната владина седница да се стави точка на дневниот ред со која ќе се изнајде начин да се обезбедат средства од Буџетот за решавање на овој долгогодишен проблем на вработените" - кажа на прес конференцијата претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

ВЛАДАТА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ПРОТЕСТОТ ИМА ПОЛИТИЧКА ПОЗАДИНА

Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска на прес-конференција посочи дека не се исполнети законските услови за протестот што се одржа од страна на Синдикатот на УПОЗ и напомена оти постојат сомнежи дека истиот е политички мотивиран. Таа подвлече дека Владата е партнер на сите и е отворена за сите предлози и сугестии.

- Секој штрајк треба да биде организиран во согласност со Законот за работни односи и колективните договори. Треба да биде најавен согласно Законот, да биде спроведена и постапката за помирување која воедно е задолжителна и да се определат нужни работи кои мора да се вршат. Бидејќи за жал ниту еден од овие постоечки законски услови не е исполнет, говори за незаконитост на штрајкот и отвора силен сомнеж дека овој штрајк е политички мотивиран, рече Митева.

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ

Поради снегот и појавата на голомразица, од 11 јануари до вчера, скопската Итна медицинска помош имала вкупно 254 интервенции.

Доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во скопската Итна медицинска помош, за МИА изјави дека во овие 254 интервенции имало и сообраќајки, повредени граѓани кои паднале лизнувајќи се по мразот, лица во алкохолизирана состојба кои се здобиле со повреди, но и некои кои завршиле со повреда во тепачка. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Брашно, сол, шеќер, масло за јадење, конзервирана храна се залихите кои жителите на планинските села ги набавуваат уште во есенските месеци, со цел да бидат спремни во случај на долга и снежна зима.

Ќе продадат чоколади и кекси, ама и грицки и зејтин, но и кечап и мајонез, и од сите тие продажби планираат да наплатат дури 80 милиони евра. Повеќе дома, а помалку во странство, но сепак големи надежи имаат и во двата вида на пазари. Планираат и инвестиции, од фотоволтаици со кои би штеделе енергија, па се до нова линија за мафини и тортици.

Владата пред еден месец на седница ја разгледувала можноста јавното претпријатие „Национални шуми“ да се задолжи со кредит кај домашна деловна банка за да ја подобри ликвидноста во своето работење. Ова е запишано во записникот од седницата, но не се споменува за колкава сума на заем станува збор. За таа цел било решено да биде одобрена и државна гаранција.

Стопанска банка Битола извести за промени во своите органи на управување и раководење. Имено, во Управниот одбор на банката има нова членка, додека, пак, вршителот на должноста член на УО кој беше преземен од Надзорниот одбор, повторно се враќа во тој орган, кој всушност е надзор и контрола на работењето на Управниот, односно Бордот на директори. А, една членка на Управен одбор, повеќе не е на таа функција. 

Можеби ќе ве интересира

АГЕЛЕР: Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон ЕУ зашто не сме членка на Унијата

АГЕЛЕР: Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон ЕУ зашто не сме членка на Унијата

ОБЈАВЕНИ КОНКУРСИТЕ ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА СТУДИИ ВО СТРАНСТВО: Има повеќе измени и нови услови

ОБЈАВЕНИ КОНКУРСИТЕ ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА СТУДИИ ВО СТРАНСТВО: Има повеќе измени и нови услови

ЌЕ СЕ НОСИ НОВ ЗАКОН ЗА ДА СЕ ЗАВРШИ АВТОПАТОТ ДО ОХРИД - надлежните најавуваат дека до крајот на следната година ќе биде комплетиран

ЌЕ СЕ НОСИ НОВ ЗАКОН ЗА ДА СЕ ЗАВРШИ АВТОПАТОТ ДО ОХРИД - надлежните најавуваат дека до крајот на следната година ќе биде комплетиран

„ДА БЕ, ЛЕПЕНКА МИ Е ДО ВИЛАТА НА ЗАЕВ, ТАМУ КАДЕ ШТО...“ - Апасиев жестоко возвраќа на наводите дека купува имот во Неа Флогита

„ДА БЕ, ЛЕПЕНКА МИ Е ДО ВИЛАТА НА ЗАЕВ, ТАМУ КАДЕ ШТО...“ - Апасиев жестоко возвраќа на наводите дека купува имот во Неа Флогита

„ЕВЕ ПО КОЈА МЕТОДОЛОГИЈА РАБОТЕШЕ СЈО И ОЈО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СВЕДОЦИ ЗА ЛАЖНИ СВЕДОЧЕЊА“: Груевски ја открива „шемата“

„ЕВЕ ПО КОЈА МЕТОДОЛОГИЈА РАБОТЕШЕ СЈО И ОЈО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СВЕДОЦИ ЗА ЛАЖНИ СВЕДОЧЕЊА“: Груевски ја открива „шемата“

ЦЕЛА ГОДИНА АПАРАТОТ ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА НЕ РАБОТИ: Пациентите мора да патуваат во другите градови

ЦЕЛА ГОДИНА АПАРАТОТ ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА НЕ РАБОТИ: Пациентите мора да патуваат во другите градови

СКЛУЧИЛ ДОГОВОР ЗА ЗАКУП НА ПРОСТОРИИ ПО ДВОЈНО ПОВИСОКА ЦЕНА - нова пријава против Перпарим Бајрами, еве за што го гонат

СКЛУЧИЛ ДОГОВОР ЗА ЗАКУП НА ПРОСТОРИИ ПО ДВОЈНО ПОВИСОКА ЦЕНА - нова пријава против Перпарим Бајрами, еве за што го гонат

ДУИ СЕ НАЛУТИ: Имало етничко исклучување во тајните служби

ДУИ СЕ НАЛУТИ: Имало етничко исклучување во тајните служби

ПРЕМИЕРОТ СЕ ПОФАЛИ – ДОБИВМЕ ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛОН ЕВРА: Прочистувачи на воздух од германска компанија

ПРЕМИЕРОТ СЕ ПОФАЛИ – ДОБИВМЕ ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛОН ЕВРА: Прочистувачи на воздух од германска компанија