Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2025
Остра реакција денеска пристигна од опозициската „Левица“ по најавените измени на законите, со цел компанијата „Бехтел и Енка“ полесно да стигне до работници.
- Историскиот криминал на „Бехтел и Енка", како што говореше Мицкоски во опозиција, сега токму неговата влада има намера да го реализира со странски работници, кои во својата биографија можат да имаат дебело криминално досие.
Според иницираните измени од МВР, во државава би можеле да добијат вработување и престој лица кои не направиле кривични дела, но само во годината пред да аплицираат.
Дополнително, според предложените измени, Агенцијата за вработување повеќе нема да дава мислење, туку таа обврска ќе ја има само полицијата - се нагласува во нивното соопштение.
Водено од „Левица“ посочуваат дека „судот ја оправда катастрофалната 'доверба' од 2 проценти и ги отфрли тужбите на жителите од Ореовец, кои бараа да престане минирањето на камен“.
- Образложението наведува дека Законот за ,,Бехтел и Енка" бил над сите закони и немало основа за забрана, којашто направи неповратна еколошка, но и материјална штета. За овој случај, сега веќе актуелните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, активно протестираа со жителите, но денес тие мораат заштитата на основните човекови права да ја бараат во Стразбур, откако партијата на Мицкоски ги извиси.
Лицемерните ДПМНЕ и ЗНАМ продолжуваат со тајна реализација на историскиот криминал. Левица повторно бара транспарентно да се објави целиот договор. Го повикуваме и Основното јавно обвинителство да започне соодветна истрага во врска со овој таен договор. Доколку со истиот е направена штета, итно да биде санкциониран и да се поднесе одговорност, а виновниците да бидат изнесени пред лицето на правдата - се нагласува во нивното соопштение.
Можеби ќе ве интересира
АГЕЛЕР: Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон ЕУ зашто не сме членка на Унијата

ОБЈАВЕНИ КОНКУРСИТЕ ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА СТУДИИ ВО СТРАНСТВО: Има повеќе измени и нови услови

ЌЕ СЕ НОСИ НОВ ЗАКОН ЗА ДА СЕ ЗАВРШИ АВТОПАТОТ ДО ОХРИД - надлежните најавуваат дека до крајот на следната година ќе биде комплетиран

„ДА БЕ, ЛЕПЕНКА МИ Е ДО ВИЛАТА НА ЗАЕВ, ТАМУ КАДЕ ШТО...“ - Апасиев жестоко возвраќа на наводите дека купува имот во Неа Флогита

„ЕВЕ ПО КОЈА МЕТОДОЛОГИЈА РАБОТЕШЕ СЈО И ОЈО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СВЕДОЦИ ЗА ЛАЖНИ СВЕДОЧЕЊА“: Груевски ја открива „шемата“

ЦЕЛА ГОДИНА АПАРАТОТ ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА НЕ РАБОТИ: Пациентите мора да патуваат во другите градови
СКЛУЧИЛ ДОГОВОР ЗА ЗАКУП НА ПРОСТОРИИ ПО ДВОЈНО ПОВИСОКА ЦЕНА - нова пријава против Перпарим Бајрами, еве за што го гонат

ДУИ СЕ НАЛУТИ: Имало етничко исклучување во тајните служби

ПРЕМИЕРОТ СЕ ПОФАЛИ – ДОБИВМЕ ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛОН ЕВРА: Прочистувачи на воздух од германска компанија
