Ангелов побара поголеми казни за подметнувачите на пожари

Објавено во: Македонија 14 Август, 2024 12:09
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов апелираше до граѓаните за внимателност за предизвикување на пожари и побара законски измени за повисоки казни за оние што ги подметнуваат.
Тој најави жестока борба против оние кои предизвикуваат пожари, и дека ќе се бараат дополнителни законски измени.
„Борбата мора да биде жестока против оние кои палат. Само со високи казни можеме да ги спречиме овие појави. Ќе бараме дополнителни законски измени за строги казнувања на ваквите поведенија“, рече Ангелов.
Директорот на ЦУК информираше дека вчера биле изгаснати дури 24 пожари.
„Палење на стриниште кое навидум изгледа безопасно, за миг може да се претвори во страшен шумски пожар. Голема благодарност за пожарникарите, кои вчера изгасија 24 пожари. Замислете како им е на пожарникарите и тие се на крајот на своите сили, затоа апелирам граѓаните да бидат внимателни со своето поведени и постапки да не предизвикаат пожар на отворено. Ги повикуван сите граѓани, доколку некое лице им е сомнително, или е невнимателно пали стрниште, да го пријават на 112 или на полициски станица. Нека се јават на пријател полицаец, пријател пожарникар, шумар, да пријават“, порача тој.Можеби ќе ве интересира
„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко

Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин
Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

„НИТУ ЕДЕН БИЗНИСМЕН НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА ДА УЧЕСТВУВА НА АУКЦИЈАТА НА 26 АПРИЛ“: Се потешко оди собирањето средства за настраданите и повредените од Кочани

НИТ СЕ ЈАВИЛА ВРЕСКАЈЌИ, НИТ ИСЧЕЗНАЛА: „Веста дека сум исчезнала е лажна!“, се огласи Симона

СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД: Чекор за заштита на природата, но и можност нешто да се заработи

„ДКСК БЕШЕ СИНОНИМ ЗА НАДЕЖ, ИНТЕГРИТЕТ, СВЕТЛА ТОЧКА И ОСТРОВ НА ИНТЕГРИТЕТ“: Никола Димитров за претседателката на антикорупциска

ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА ВАКВИТЕ ВРЕМЕНСКИ ПРИЛИКИ: Станува збор за плитка фронтална долина
