Ангелов: Се уште чекаме информации за предизвиканото загадување
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2022 13:37
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на прес конференција посочи дека се работи на детекција за тоа дали постои опасност во воздухот, по избувнувањето на пожарот во Тетово.
- Состојбата во овој момент од аспект на отровност на гасови не е алармантна од оние информации кои што ги имаме. Има зголемено ниво на ПМ честички коишто во овој момент се кренати горе, но подоцна истите ќе се спуштат долу - вели Ангелов.
Тој посочи дека гори фабрика за гипс, картони и други материјали.
- Пожарот е активен и не е локализиран. Сè уште чекаме информации за предизвиканото загадување бидејќи здравјето на граѓаните во околината е најважно. Првичните информации велат дека нема ослободување на отровни гасови. Побаравме и извештај од стручни лица за квалитетот на воздухот - изјави од местото на настанот Ангелов.
Според изјавата на Ангелов пожарот многу брзо се проширил, па на барање на пожарникарите, од МВР испратиле хеликоптер.
– Имаше поплаки дека хеликоптерот доцна пристигнал и дека не бил користен за гасењето. Хеликоптерот не испушташе вода врз објектот бидејќи пожарот е внатре и водата не би можела да продре преку покривот и плочата под него. Поради тоа хеликоптерот се користи за да се пресече линијата на ширење на пожарот надвор од објектот. Во близина на пожарот, на неколку стотина метри има боци со плин и затоа ни беше важно да биде прекината линијата на ширење на огнот кон нив. Тоа што се наоѓа во објектот ќе изгори и не можеме да го спасиме, па затоа целта ни е да спречиме понатамошно ширење - посочи Ангелов од местото на настанот.
Можеби ќе ве интересира
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра




