23 Ноември, 2024
0.0312

Ангеловска: Дупката во буџетот од коронакризата ќе биде меѓу 700 милиони евра и 1,3 милијарди, парите од заемите ги чекаме во мај

Објавено во: Финансии 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Поради корона кризата приходите во буџетот годинава ќе паднат меѓу 20 и 40 отсто отсто, а тоа ќе доведе до дупка меѓу 700 милиони евра и 1,3 милијарди евра, покрај првично планираниот дефицит од 300 милиони евра, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска. 

Ова го покажале сценаријата што ги направиле во министерството за финансии. 

Изминатите неколку дена се поставуваше прашањето за помалата наплата на приходите, и како е тоа можно, рече Ангеловска, па таа излезе пред јавноста да ја објасни транспарентно состојбата.

Реализацијата на приходите годинава почнала добро, и во првите два месеци имало одлична реализација, согласно планот, или подобра наплата од лани во јануари за 4,6 отсто и за 4 проценти во февруари. Добра реализација имао и на стартот на март.

Буетот не е куп пари, туку проекција како ќе се полни и празни буџетската каса, вели првата финансиерка. 

Преземањето на мерките за коронавирусот делуваа на намалување на економската активност, што се рефлектираше и на полнењето на буџетот. Од 20 март, кога почнаа да се чувствуваат мерките, се забележува остар пад односно намалување за 25 отсто на буџетските приходи во просек на дневно ниво. Или доведе до пад на вкупните даночни приходи во март за 11 отсто во однос на претходната година. Се должи на пад на ДДВ за 17 отсто, акцизите 11 отсто, и данокот на добивка за 11 отсто, иако имаше фирми кои авансно го уплатија овој данок“, рече Ангеловска.

Во МФ во изминатиот период работеле на повеќе сценарија. Тешко е да се предвидат случувањата, па затоа нивните сценарија постојано се обновуваат.

Има три основни сценарија, поволно, неповолно и најнеповолно. Кај сите сценарија најголемиот пад на даноците се очекува во вториот квартал, од 40 до 65 отсто кај секој вид данок. За третиот и четвртиот квартал се различни претпоставките кога ќе почне економското обновување.

„Колкава ќе биде дупката, точно зависи од тоа колку ќе се зголемат потребите за финансирање и кое сценарио ќе биде реалност. Буџетскиот дефицит требаше да биде 300 милиони евра на стартот. Планот за финансирање беше креиран како да се покрива овој дефицит, и отплатата на долговите што доспеаваат. Колку ќе биде поголем дефицитот ќе зависи од тоа колку ќе падне наплатата на приходите во однос на планот“, рече министерката.

За расходите, и покрај предвидените здравствени потреби и економските мерки, сите сценарија предвидуваат расходите кои биле планирани од 3,9 милијарди евра да се реализираат целосно, 98 до 99 отсто, но со суштински промеми во структурата, односно ќе има значајни реалокации меѓу буџетските корисници и пренамени, и секако кратење на непродуктивни расходи, за да има за здравството и за економските мерки.

За кратење на непродуктивни трошоци има различни предлози во МФ, еден сет денеска ќе биде предложен на владината седница.

Првото поповолно сценарио предвидува пад на буџетските приходи за 20 отсто во однос на планот, што би значело намалување на приходите грубо за околу 700 милиони евра, односно за исто толку би се зголемил дефицитот и тој би изнесувал многу повеќе. 

Во второто неповолно сценарио падот би бил 30 отсто на буџетските приходи и потребите би се зголемиле за една милијарди евра. 

И во третото сценарио, најнеповолно, ако приходите паднат за 40 отсто, дополнителните потреби би биле 1,3 милијарди евра.

„Важно е да сме подготвени за најлошото и да повлекуваме чекори и мерки за да се случи најдоброто. Треба да сме брзи, флексибилни и агилни за да се намалт штетите врз економијата“, вели Ангеловска.

За сите овие сценарија МФ има и сценарија за финансирање, но како што нагласи Ангеловска, треба да се има предвид дека непредвидливоста и ранливоста на пазарите на капитал е предизвик.

„Во тек е постапка за обезбедување пари од ММФ и СБ и заемот до еврообврзнца. Сите постапки се во тек и се очекува во мај да ги обезбедиме овие средства од 600 милиони евра. Тие се доволни за да се финансира расходната стана, економските мерки, и потребире на здравствениот сектор“, рече Ангеловска.

И тука има повеќе сценарија, која би била прва и втора опција. 

„Ако се однесуваме одговорно сите ние, здравствената криза ќе заврши побрзо и здравствените мерки што ја забавуваат економијта исто ќе завршат побрзо. Со двата пакети економсмки мерки имаме за цел да го амортизираме ударот и да ги заштитиме работните места“, нагласи министерката. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?