Ангеловска: Мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари продолжува за уште еден месец
Објавено во: Економија, Корона Вирус 10 Јуни, 2020
Mинистерката за финансии, Нина Ангеловска изјави дека мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за работодавачите заради исплата на плати се продолжува за уште еден месец (јуни).
„Со продолжувањето ќе се даде поддршка на сите компании кои и во текот на месец јуни ќе се соочат со пад на приходите поголем од 30%, со цел да ги задржат работниците и платите на соодветно ниво. Согласно барањата од бизнис заедницата и направените аналзи, како и согласно можностите, на денешната седница Владата ја усвои Уредбата за изменување со која се предвидува продолжување на мерката и за месец јуни“, информира Ангеловска.
Мерката е дел од вториот сет мерки, креирана за периодот во кој економијата и компаниите се соочија со најголемиот удар, кога беа на сила рестриктивните мерки и целосно затворање, додека сега се наоѓаме во фазата на постепено реотворање на економијата и период на заживување.
„Согласно тоа очекуваме дека потребата за користење на мерката за јуни ќе биде помала, но секако кога имаме простор ја даваме можноста да ги помогнеме сите на кои ќе им биде потребна поддршката.Третиот сет на мерки креиран за фазата на заживување усвоен од Владата предвидува значајна поддршка за стопанството и директна финаннсиска поддршка за зголемување на конкурентноста и забрзување на опоравувањето во следниот период. За таа цел беше усвоена и Уредбата за финансиска поддршка за зајакнување на конкуренстноста и поттикнување на инвестициите и индустријата со која ќе биде ставена на располагање финансиска поддршка од 20 милиони евра“, додава министерката.
Повикот ќе го објави Министерството за економија кон крајот на неделата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.