АНКЕТА: Граѓаните не сакаат избори, а ни простување
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2018 06:46
Дури 66,9 отсто од граѓаните се против амнестија, а 24,8 проценти сметаат дека амнестијата ќе придонесе за политичко помирување. Ова го покажала анкетата на Телма и МЦМС, што ја напрви агенцијата М-проспект.
Сепак има разлика во ставовите на граѓаните во зависоност од тоа на која партија с еприврзаници. Имено огромно мнозинство или 81,7 отсто од приврзаниците на СДСМ сметаат дека не треба да има амнестија, туку дека е потребно спроведување на правдата, Кај приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ, пак, мислењето е поделено, 47 отсто се за амнестија, а другите се против.
Што се однесува до амнестија за обвинетите и учесниците во настаните од 27 Април во Собранието, 57,8 проценти не се согласуваат со амнестија, 37 отсто се согласуваат.
Анкетата покажала дека граѓаните не сакаат избори. Мнозинство 58,9 проценти велат НЕ, додека 33,5 отсто одговориле ДА. 47 % од граѓаните се за избори во редовен термин, 25 % за вонредно што побргу со скратени рокови, додека 16,1 % за општи избори со претседателските избори.
Анкетирани се 1.014 испитаници, телефонски, во периодот од седми до 15 ноември.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




