АНКЕТА ПОКАЖА: Да можат денес би гласале за Тито
Објавено во: Балкан 26 Јули, 2018
Ако во игра се Александар Вучиќ, Зоран Ѓинѓиќ, Слободан Милошевиќ, Никола Пашиќ, Борис Тадиќ и Воислав Коштуница, мнозинството Срби својот глас би го дале за Јосип Броз Тито.
Ова го покажува анкетата спроведена за потребите на белградски „Недељник“.
Весникот наведува дека по стогодишното искуство живеење во Југославија, а за да се провери односот на денешната јавност кон државниците кои во некој период од историјата ја воделе Србија, неделникот и „Нинамедија“ спровеле анкета со прашањето: Да можете утре да гласате на избори, за кој од понудените кандидати би гласале?
Резултатите од истражувањето покажува дека на хипотетичките избори би победил поранешниот лидер на СФРЈ со 24,6 отсто од гласовите, а зад него се најде Вучиќ со 23,5 отсто.
Екс премиерот Ѓинѓиќ би добил 10,7 отсто од гласовите, поранешниот претседател на Србија, Милошевиќ би освоил 7,4 отсто, долгогодишниот претседател на Кралството СХС Пашиќ би имал 4,4 проценти, за поранешниот претседател Тадиќ би гласале 2,1 отсто, а за последниот претседател на Сојузна Република Југославија и поранешен српски премиер Коштуница гласот би го дале 0,7 отсто од избирачите. Повеќе од 18 отсто од испитаниците не навеле ниту еден од нив, а скоро осум проценти се изјасниле дека не знаат за кого би гласале.
Истражувањето е направено на примерок од 802 испитаници, во периодот од 23 до 30 јуни годинава.