19 Декември, 2025
0.1110

АНОНИМУСИ ВО ЈАВНОСТА, НО СО ДЕБЕЛИ КОНТА – ретко кој може да се пофали со плати како во Регулаторната комисија за домување

Објавено во: Финансии 21 Јули, 2025 08:16

Добивај вести на Viber

Вработените во Регулаторната комисијата за домување се меѓу малкуте државни службеници, или вработени кои зимаат плата од државниот буџет и кои може да се пофалат со високи плати. Иако генерално лицата кои се дел од ова тело остануваат анонимни за јавноста, сепак, од самото основање на ова тело нивните плати биле меѓу повисоките во земјава.

И последниот извештај на комисијата испратен до Собранието, покажуваат дека вработените може да се пофалат со плати кои надминуваат и 1.300 илјади евра по човек.

Грубите пресметки велат дека седум лица годишно делат сума од скоро 7 милиони денари, или поточно од вкупно тројца вработени во комисијата, плус четворицата членови на комисијата, секој од нив добива по околу 1.300 евра месечно нето плата. Трошоците за придонесе не влегуваат во оваа пресметка. 

Платите во следниот период би можеле да бидат и поголеми, бидејќи еден член на комисијата е пензиониран и се уште не е назначена негова замена.

Според она што е наведено во извештајот, вкупниот број на вработени изнесува само тројца, иако согласно плановите во комисијата треба да работат девет луѓе.

- Согласно Правилникот за систематизација на работните места во Регулаторна комисија за домување е предвидено да бидат вработено девет административни службеници и едно помошно - техничко лице. Во овој момент од вкупно вработени 3 (три) лица, 2 (две) од вработените во Регулаторна комисија за домување имаат статус на административен службеник, а едно лице е со статус помошно - техничко лице– се посочува во извештајот.

Во него е објаснето дека согласно буџетот за 2025 година за Регулаторната комисија за домување се одобрени финансиски средства во висина од 11.498.000 денари. Но, подоцна оваа сума е намалена од страна на Министерство за финансии за 25.000 денари на ставката купување опрема и машини така што износот на истата сметка изнесува 11.473.000 денари.

-  Од одобрените буџетски средства, според нивната намена, се искористени 5.516.790денари за потребите на Регулаторната комисија за домување или 48,08 отсто. Од тоа за основни плати од вкупно 6.982.000 денари реализирани се 3.155.151 или 45,19 отсто. Од ставката придонеси за социјално осигурување од вкупно 2.609.000 денари, реализирани се 1.227.012 денари или 47,03 проценти – се посочува во извештајот.

Во него исто така е објавено дека за надоместоци биле планирани 98.000 денари и реализирани се 53.493 денари или 54,58 отсто. Што се однесува пак до дневните расходи, од планираните 166.000 денари, реализирани се 162.192 денари или 97,71 проценти. За ставакта комунални услуги, греење, комуникација и транспорт биле планирани 700.000 денари, а реализирани се 363.683 денари или 51,95 проценти.

Инаку во Регулаторна комисија за домување сега има тројца членови, од кои  претседател е Зоран Маџовски, а покрај него членови се и Башким Алили и Никола Затуроски. Од постојниот состав на комисијата, актуелниот претседател е избран со Одлука за именување на Претседател заедно со еден член од Собранието на 30 јуни 2021 година. 

Со одлука на Собранието избран е еден член на почетокот на април годинава, додека четвртиот член поради стекнување услови за остварување на право на пензија од 16.04.2025 година повеќе не е дел од комисијата.

Регулаторната комисија за домување треба да се грижи за квалитетно задоволување на станбените потреби на населението, согласно со современите стандарди за квалитетен живот, заштита на животната средина и природата. Оваа комисија врши категоризација на станови и станбени згради, а и ги издава, продолжува и одзема лиценците за управител за вршење на дејностите на управување со станбените згради и води регистер на управители на станбени згради, а има и други наделжности.

Комисијата стана особено позната во јавноста по објавата на анализата пред неколку години, со која беше посочено дека тамошните членови и вработени имаа највисоки плати во земјава, дури и повисоки од оние на министрите и премиерот. Иако во меѓувреме пораснаа и платите на министрите и премиерот и тоа последниот пат за дури 78 проценти, сепак, може да се каже дека вработените во комисијата за домување и понатаму се меѓу најпривилегираните, ако се погледне платата и нивните обврски.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми