16 Декември, 2025
0.0547

„АНТИВИРУСНИ ЛЕКАРСТВА ПРОТИВ ГРИПОТ, А НЕ АНТИБИОТИЦИ САМИ ДА СИ ПРЕПИШУВААТ“: Компликациите од грипот може да бидат фатални

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2024 07:27

Добивај вести на Viber

Болничките амбуланти, но и оние на матичните лекари се преполни овие денови со пациенти заразени со некој од актуелните вируси. Најголем е бројот на болни од грип, но има и ковид позитивни, како и пациенти со цревни вирози.

Според д-р Македонска Попова Спасеска луќето кои бараат лекарска помош најчесто се жалат на висока температура, кашлица која трае подолго време, болки во мускулите, омалаксаностнагони на повраќање, немање апетит и дехидрираност. Она што посебно го истакнува како проблем, повторно е непослушноста на самите пациенти, кои како што вели, „сами знаат да се лекуваат“, а потоа настануваат сериозни проблеми кои ги направил грипот и доаѓаат со потешка клиничка слика.

-Зголемен број на пациенти имаме уште пред Нова година. Се славеше на сите страни, гужви, тенка свечена облека и сето тоа придонесе за развој на вирозите. Она што загрижува е што дел од пациентите, кои и по две недели не се излекувале доаѓаат веќе со потешка клиничка слика, иако во претходниот период на своја рака се лечеле со некаков антибиотик. Колку пати треба да објасниме дека на вирусите не делуваат антибиотиците, за лекување на грипот е потребна антивирусна терапија. Болеста кај некој од нив е толку развиена што создала сериозни компликации. Кај младите, на пример, иако претходно немале никакви коморбидитети, може да придонесе за повишен притисок. Сепак, најкритични се пациентите со кардиоваскуларни заболувања, кај кои една од најчестите компликации од грип е миокардит, кај оние со астма, ХОББ, компликациите настануваат во респираторниот тракт, тие потешко дишат, чувствуваат голем замор, и.т.н., вели д-р Попова Спасеска.

Апелира пациентите да не се лекуваат сами дома, во момент кога ќе почувствуваат дека се разболуваат да побараат лекарска помош и да не веруваат дека е обична настинка.

-Кога говориме за  грип, говориме за сериозно вирусно заболување. Тоа не е настинка, како што многумина се убедени, а голем е и бројот на оние кои веруваат во теории на заговор, па не ги интересираат ниту вакцини. Болеста може да трае со недели, а најупорен симптом е кашлицата, која знае да се провлекува и подолго, посочува таа.

Инаку, на Инфективната клиникаво овој период има од 600-до 100-тина прегледи дневно, а хоспитализирани се осум пациенти со грип, пет со ковид и бронхопневмонија. Во последните три недели од грип во Македонија починаа шест пациенти. Здравствените власти препорачуваат вакцинација како најсигурна превентива, а предложија и мерки како што се носење маски во здравствените установи и домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“