Апасиев верува во заговор по одлуката на Уставен

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2018 13:57
Димитар Апасиев од Левица денеска бешпе најразочаран од одлуката на Уставен суд, според кого референдумот на 30 септември е прописно распишан, и изјави дека денеска е погребана правдата и оти не преостанува ништо друго, освен бојкот на референумот.
- Ова е срамен ден за владеењето на правото во Република Македонија. Денес е погребана правната држава преку политичка, а не правна одлука на судиите, рече Апасиев и додаде дека бојкотот останува како единствено масовно средство за враќање на правната држава.
Професорот верува во заговор дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница.
- Наше како јавност е да видиме кој ги повикувал судиите и се обидувал да им влијае врз исходот од оваа иницијатива, рече Апасиев.
Како претставник на вториот подносител на иницијативата беше и Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес. И за него одлуката на Уставниот суд не е прифатлива.
- Судиите во расправата беа контрадикторни. Тие отфрлија расправа за договорот со Грција, но заклучија дека со референдумското прашање не се гласа за ЕУ и НАТО, туку за договорот со Грција со кој се врши промена на името на државата. Истовремено, се суспендира референдумот од 8 септември 1991 година, кога народот во апсолутно мнозинство гласаше за самостојна Македонија без додавки и придавки. Иако одлуката на референдум по Устав е задолжителна, Судот за жал, сметаше дека ЕУ не е ниту сојуз за кој треба да се распише референдум, рече Петров.
Според него, одлуката на Уставниот суд ќе ја зацврсти определабата за бојкот на 30 септември.
Можеби ќе ве интересира
„ОД ЕДНА ПРОФЕСОРКА, СЕПАК СЕ ОЧЕКУВА БАРЕМ ОСНОВНО ПОЗНАВАЊЕ НА МАТЕРИЈАТА“: Османи за Силјановска Давкова

ДА СЕ УГЛЕДАМЕ НА ЉУБЉАНА: Македонија нема доволно зеленило и тоа скапо ќе го чини здравјето на луѓето

СЕ ОЧЕКУВА ДА ПАДНЕ И СНЕГ! Попоски соопшти дека ни доаѓа огромна промена на времето

„ЧЕКАЈТЕ СЕГА, СО КОГО СМЕ?“ Жерновски прашува „што стана со новото нормално на Мицкоски“

СЕ ОГЛАСИ ГИТАРИСТОТ НА ДНК ПОСЛЕ НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ: Колку што сум среќен, толку сум и тажен

„СРЕДЕ СКОПЈЕ КОШТА ГИ ТОРПЕДИРАШЕ ЗАМАЈУВАЊАТА НА ПРОПАГАНДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Величковски за гостувањето на Кошта во земјава и неговите изјави

„ТАРАВАРИ ИМАЛ БЕЛ ЛИСТ ЗА ДА НАПИШЕ КОЛКУ ОПШТИНИ САКА“: Муртезани за довчерашниот коалиционен партнер

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Крешник Бектеши оди во куќен притвор

ЛАЖНА ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО СКОПЈЕ: Концертот ќе продолжи
