19 Декември, 2025
0.0558

Апел за помош на Ѓоко

Објавено во: Македонија 16 Април, 2018 13:11

Добивај вести на Viber

Апел за помош на Ѓоко. На фејсбук групата е објавено дека веќе не се активни телефонските броеви за донации од мобилните опреатори но сепак има начин за помош.

Ја пренесуваме фејсбук пораката од Сунчица Стојановска.


Другари, 

броевите што беа отворени за донации веќе не се активни. Ви благодариме што вртевте. Доколку сакате и понатаму да се бориме сите заедно за Ѓоко, остануваат отворени сметките:

Сметката за пријателите од странство: 
https://www.gofundme.com/we-fight-together-for-gjoke

Сметката за донации од Македонија:
Војо Коколански 
ул. Јане Сандански бр. 4
с. Русиново 
300007028139498
Комерцијална банка - Скопје
Цел на дознака: донација за лекување

Тажната приказна на Ѓоко

Ова е нашиот другар Ѓоко. А ова е приказна за борбата на Ѓоко да се избори за својот живот. 

Само еден месец по свадбата со љубовта на неговиот живот, на почетокот на септември, Ѓоко ненадејно доби мозочен удар. Според докторите, мозочниот удар е на најлошото можно место, мозочното стебло, каде шансите за преживување се многу мали. 

Но, тој се бори веќе втора недела. Ѓоко е борец кој не се предава. И бескрајно добар и хуман човек кој заслужува сите да се здружиме и да му помогнеме во битката за живот. Ние, неговите другари, добро ги познаваме неговиот спортски дух, неговата физичка подготвеност и неговата упорност да даде се од себе за да остане со својата сопруга и со сите нас кои бескарјно го сакаме и го почитуваме. 

Тие што биле во неговиот салон, го познаваат како одличен јумеихо-терапевт кој безрезервно помагаше на возрасни и на деца. 

Веќе 15 дена нашиот другар Ѓоко е на интензивна нега во болница во Скопје. Ќе остане онолку колку што ќе биде потребно за да се излекува. Ве молиме за Ваша помош за да ги платиме трошоците за негата и рехабилитацијата кои ќе бидат потребни откако Ѓоко ќе излезе од болница, со сѐсрдната помош на докторите и на Бог. 

Нашиот другар е силен! Сите сме силни за него! Заедно да му помогнеме на Ѓоко!

Можеби ќе ве интересира

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС