Apple и IBM заедно го освојуваат светот!
Објавено во: Мои пари 16 Јули, 2014 17:52
Компанијата Apple и IBM најавија партнерство кое ќе се однесува на соработката околу мобилните уреди и системи со што преку 100 работни апликации и cloud сервиси ќе бидат достапни на iOS уредите.
Тие производи ќе се викаат “IBM MobileFirst for iOS Solutions”, а IBM наскоро ќе почне да продава iPhone и iPad на работните корисници, а на нив ќе бидат активирани тие нови сервиси, односно наменски апликации.
„iPhone и iPad“ се најдобрите мобилни уреди на светот и го променија начинот на кој денеска луѓето работат. Прв пат ги спојуваме IBM прпознатливиот работен систем со iOS корисничкиот интерфејс и тоа отвара нов работен пазар за Apple. Ова е радикален чекор за работните корисници и нешто што само Apple и IBM можат да го остварат“, рече Тим Кук, извршниот директор на Apple.
Компаниите ќе работат заедно на апликациите за купување/продажба, здравје, банкарски работи, патување и превоз, телекомуникација, осигурување. Софтверот ќе биде достапен оваа есен, веројатно во исто време кога и iOS 8, а поголем дел од апликациите и сервисите ќе бидат готови во почетокот на 2015 година.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




