Арифи бара да се распишат локалните избори за интерес на граѓаните
Објавено во: Македонија 08 Март, 2017 14:53
ДУИ како партија останува на ставот, Иванов да ја повлече одлуката за недоделување на мандат, и тоа е во линија на барања и на американскиот Стејт департмент и на Европската Унија, смета Теута Арифи.
– Иванов со одлуката да не го додели мандатот ја вовлече државата во институционална криза. Ние како ДУИ сме се однесувале со сериозна одговорност и кога сме пристапиле кон платформата и кон нејзините точки, кои како што реков и уште еднаш да потсетам, не се надвор од Уставот на Македонија ниту од тоа што значи Охридски рамковен договор – вели Арифи за Мета.
Арифи изјави дека ќе се најде и некое законско решение за распишување на локалните избори.
- Ова е проблем на сите политички партии. Ќе се бара некое законско решение, имајќи го предвид фактот дека општинските власти имаат директни ингеренции кои се однесуваат на граѓаните и на функционирање на градовите, така што мислам дека ќе се најде еден заеднички интерес, ако се одложуваат, да не се одложуваат многу, и се тоа да биде во рамки на законите – рече Арифи.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




