Арифи вели нема класични преговори со ВМРО-ДПМНЕ, од јазикот и СЈО не отстапуваат
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2017 08:22
Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи во интервју за Телма, синоќа изјави дека не воделе класични преговори со ВМРО-ДПМНЕ, иако рокот за формирање на влада истекува многу скоро.
Таа вели дека на ДУИ и требало уште време, бидејќи сега се занимавала со внатрешни политики во партијата, кои им биле приоритет.
„После седница на претседателството на ДУИ, нашиот претседател се сретна со лидерите на двете партии, и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, каде ги кажаа нашите позиции за кои нема да преговараме, а тоа е прашањето за албанскиот јазик и продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство. Има комуникации во однос на дообјаснување на овие прашања, но класични преговори нема“ – вели Арифи.
Арифи го осуди феноменот на таканаречената „десоросоизација” кој го најави и почна Никола Груевски, и порача дека ДУИ нема ништо против Фондацијата Отворено општество Македонија.
За тоа што ќе се случи ако до понеделник мандатарот Никола Груевски не успее да формира влада, Арифи вели дека не може да предвиди како ќе се одвиваат работите.
„Сите ние сме свесни дека има меѓународна сериозна порака да имаме кредибилна влада, во однос на одговорностите од Пржинскиот договор, заедно со СЈО, обврските кои се преземени во извештајот на Прибе, според мене ова е кредибилно“ - рече таа.
Кажа дека за ДУИ меѓународните пораки се клучни, и токму поради тоа има внатрешна дебата во партијата.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




